Џанлука Ваки и саканата никогаш повљубени - уживаат на концерт на Ерос Рамацоти и споделуваат интимен миг
- Детали
- сабота, 19 август 2023
Џанлука Ваки ја гледа вљубено својата сакана, се прегрнуваат и танцуваат со искра во очите... Парот откри зошто Ерос Рамацоти во нив буди најубави спомени.
Џанлука Ваки и неговата сакана Шерон Фонсека неодамна беа на концерт на италијанскиот пејач Ерос Рамацоти и според фотографиите на социјалните мрежи изгледаат повљубено од кога било.
Парот пее, танцува и ужива во секој миг заедно.
Шерон на својот Инстаграм профил откри зошто всушност овој концерт им разбудил толку емоции.
Нејзината објава гласи:
„Ајде да пееме, танцуваме и живееме...
Да споделам еден забавен факт со вас. Пред околу 3 години кога ја добивме веста дека очекуваме ќерка, истата вечер отидовме на концерт на нашиот драг пријател Ерос Рамацоти на Мајами и никој, освен нас, не знаеше ништо што минуваме и тоа затоа беше толку емотивен миг за нас. Мислам дека плачевме на секоја песна. Па, така Ерос секогаш побудува најубави спомени за нас“.
;
С. С. | Црнобело