Заради него се откажа од јавниот живот, за жал, тој ја напушти прерано – Почина партнерот на Сандра Булок на 57-годишна возраст

„Тој не сакаше да има ништо со мојата кариера, но беше вистинскиот човек за мене“ – со овие зборови Сандра Булок појасни зошто откако го сретнала партнерот Брајан Рандал одлучила да се повлече од јавноста. По 8 години врска, нејзиниот партнер почина, откако 3 години се борел со тешка болест во тајност.

zaradi-nego-se-otkazha-od-javniot-zhivot-a-toj-ja-napushti-prerano-pochina-partnerot-na-sandra-bulok-na-57-godishna-vozrast-01.jpg

Долгогодишниот партнер на актерката Сандра Булок (59), Брајан Рандал, почина на 5-ти август годинава, на 57-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство кое откри дека фотографот неколку години наназад се борел со амиотрофична латерална склероза, но не сакал јавноста да дознае за тоа.

„Брајан во раната фаза на болеста одлучи вестите за дијагнозата да ги крие од јавноста и ние што се грижевме за него направивме сѐ за да ја почитуваме неговата желба.

Бескрајно сме благодарни на неуморните лекари што му помагаа додека тој се бореше со болеста, но и на медицинските сестри што живееја со нас, па дури и ги жртвуваа сопствените семејства за да останат со нашето“ – се вели во изјавата на семејството на Рандал.

Амиотрофичната латерална склероза е прогресивна, обично смртоносна, невродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. 

Болеста се одликува со прогресивна мускулна слабост во рацете, нозете и мускулите одговорни за дишење, говор и голтање. 

zaradi-nego-se-otkazha-od-javniot-zhivot-a-toj-ja-napushti-prerano-pochina-partnerot-na-sandra-bulok-na-57-godishna-vozrast-02.jpg

Сандра Булок во една пригода рече дека Брајан е љубовта на нејзиниот живот, а тие двајцата се запознале сосема случајно кога актерката го ангажирала во 2015-та година да го фотографира роденденот на нејзиниот син Луи.

Брзо потоа тие почнале да се гледаат, па тој дури ја придружуваше и на свадбата на Џенифер Анистон и Џастин Теру.

zaradi-nego-se-otkazha-od-javniot-zhivot-a-toj-ja-napushti-prerano-pochina-partnerot-na-sandra-bulok-na-57-godishna-vozrast-07.jpg

Кога се запознале, Сандра веќе зад себе имала еден брак со Џеси Џејмс, што не се завршил добро и била самохрана мајка на синот Луи, а само неколку месеци откако се запознале, актерката решила дека сака да ја посвои и 3-годишната ќерка Лејла.

Брајан имаше една ќерка од претходна врска, но се трудеа колку е можно повеќе да си ја зачуваат приватноста подалеку од јавноста и таблоидите.

zaradi-nego-se-otkazha-od-javniot-zhivot-a-toj-ja-napushti-prerano-pochina-partnerot-na-sandra-bulok-na-57-godishna-vozrast-04.jpg

Сандра за него велеше дека тој е број еден во животот на нивните деца, затоа што тој е забавниот родител, а таа е понервозна.

zaradi-nego-se-otkazha-od-javniot-zhivot-a-toj-ja-napushti-prerano-pochina-partnerot-na-sandra-bulok-na-57-godishna-vozrast-08.jpg

Откако ја започна врската со Брајан, Сандра која и претходно не сакаше премногу да зборува во јавноста за својот приватен живот, целосно се повлече, а во една пригода откри дека тоа го прави најмногу заради нејзиниот партнер.

„Мојот живот веќе одеше според плановите и се појави еден прекрасен човек што не сакаше да има ништо со мојата кариера, но тој беше вистинскиот човек за мене“ – рече во 2021-ва година актерката.

zaradi-nego-se-otkazha-od-javniot-zhivot-a-toj-ja-napushti-prerano-pochina-partnerot-na-sandra-bulok-na-57-godishna-vozrast-09.jpg

Сандра и Брајан беа заедно 8 години, а никогаш не застанаа пред олтар. Таа во една пригода рече дека никогаш не очекувала тој да ја запроси, ниту пак сакала тоа да се случи:

„Јас сум личност што помина низ развод. Ја најдов љубовта на мојот живот. Имаме две прекрасни деца заедно, односно 3 деца, заедно со неговата поголема ќерка. Тоа е најдоброто нешто што ми се случило.

Не сакам да ви порачам да го правите тоа што го правам јас, но не ми треба парче хартија за да бидам посветена партнерка и посветена мајка. Не ми треба некој да ми каже дека треба да бидам постојано присутна во најтешките мигови.

Не ми треба некој да ми каже дека треба да ги издржам сите бури додека имам добар човек покрај себе“ - изјави Сандра. 

zaradi-nego-se-otkazha-od-javniot-zhivot-a-toj-ja-napushti-prerano-pochina-partnerot-na-sandra-bulok-na-57-godishna-vozrast-06.jpg

Прочитајте и Сандра Булок блеска на 59 години, и покрај траумите - Бившиот ја изневери со 20 жени, демнач ѝ влезе во домот

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg