Не ги одлепува рацете од неа – Фудбалската легенда Роналдо ужива на плажа со 13 години помладата свршеница (фото)
- Детали
- недела, 06 август 2023
Не ги одлепува рацете од неа. Ја држи околу половината, за нозете... Фудбалската легенда Роналдо беше фотографиран како ужива на плажа со 13 години помладата згодна свршеница, со која е во врска 7 години. Како изгледа фудбалерот кој 12 години се бори со авоимуно заболување?
Фудбалската легенда Назарио де лима Роналдо, деновиве е на одмор на Ибица, каде поседува луксузна вила, а друштво му прави згодната свршеница Селина Локс, која е 13 години помлада од него.
Фотографите ги „уловија“ поранешниот фудбалер и неговата свршеница како уживаат во вода и разменуваат нежности.
Парот претходно уживал на ручек во ресторан, а потоа влегле во вода за да се оладат.
Роналдо не може да ги тргне рацете од згодната свршеница – тој ја прегрнува, а таа се држи со нозете околу неговото тело.
Роналдо и Селина се во врска од 2015-та година, а во јануари годинава тој ја побара за жена додека беа на одмор на Карибите. Тогаш таа на Инстаграм објави заедничка фотографија, а до неа напиша:
„Реков: Да!“
Инаку, како што може да се забележи од фотогарфиите, некогашниот фудбалер сега е мошне здебелен и непрепознатлив, што е последица на автоимуната болест со која се бори со години и заради која мораше и да ја прекине фудбалската кариера.
Во 2011-та година тој откри дека страда од хипотироидизам, односно автоимуна болест која предизвикува застој во работењето на тироидната жлезда, која е одговорна за метаболизмот на телото.
Инаку, пред да ја започне врската со Селина, Роналдо бил во брак трипати. Со Милен Домингез од 1999 до 2003, со Даниела Чикарели во 2005 и со Марија Беатриз Антони од 2008 до 2012-та, а е татко на 4 деца.
Уште неколку фотки од Роналдо и Селин:
Б. С. Б. | Црнобело