Рики Мартин (51) и Џуан Јозеф се разведуваат по 6 години: „Ќе го завршиме бракот со љубов и достоинство“

„Решивме да го завршиме бракот со љубов, почит и достоинство поради нашите деца и да го сочуваме она што го искусивме како пар сите овие прекрасни години. Наша најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и...“, гласи дел од заедничката изјава на Рики Мартин и Џуан Јосеф.

riki-martin-i-djuan-jozef-se-razveduvaat-po-6-godini-kje-go-zavrshime-brakot-so-ljubov-i-dostoinstvo-01_copy.jpg

Порториканскиот пејач Рики Мартин (51) по 6 години се разведува од својот сопруг, Џуан Јозеф (38).

Парот објави заедничко соопштение во кое потврдија дека стават крај на својот брак.

soprugot-na-riki-martin-so-retki-fotografii-od-nivnata-kjerka-ti-si-glavna-vo-nasheto-semejstvo-03.jpg

„Решивме да го завршиме бракот со љубов, почит и достоинсто поради нашите деца и да го сочуваме она што го искусивме како пар сите овие прекрасни години.

Наша најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска за заедно да можеме да се грижиме за нашите деца и да ги задржиме љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг“, пренесе магазинот People, кој прв ја објави веста за разводот.

Парот ги има ќерката Луција (5) и синот Рен (4).

Рики претходно преку сурогат мајка ги доби близнаците Матео и Валентино (15) и за нив ќе продолжи да се грижи сам.

Мартин и Јозеф се запознаа во 2015 година преку Инстаграм, а шест месеци подоцна започнаа врска. Првпат се сретнале во Лондон.

Јавно потврдија дека се заедно во 2016 година, а две години потоа, во 2018 година се венчаа.

269897420_248186107428990_6368742063089653406_n.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg