Ја нападна помошничката, се лечеше од зависности: Скандалозниот живот на Наоми Кемпбел

Проблеми со зависности и скандали

На врвот на кариерата, Наоми се стекна со репутација на модел со кој не е лесно да се работи. До толку што неколку модни дизајнери одбиваа да соработуваат со неа.

Таа не можеше да си најде ни асистенти и домашни помошнички, откако во 2006 година ја гаѓаше тогашната помошничка, Ана Сколавино со мобилен телефон.

Наоми и Ана се скарале за пар фармерки, по што манекенката го фрлила мобилниот кон помошничката.

Сколавино поднесе пријава, а судот ја прогласи Кемпбел за виновна и ја испрати на рехабилитација и психолошки третмани за справување со лутината и агресијата.

Таа доби и казна 5 дена општествено корисна работа, па на улиците каде што чистеше смет, секој ден доаѓаше во црно комбе, облечена во низа неверојатни модни комбинации.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-19.jpg

Првиот ден, штом излегла од автомобилот, чантата му ја дала на полицаец кого го помешала со еден од нејзините телохранители.

Фотографиите ги објавија таблоидите во САД и Европа, по што голем број дизајнери и стилисти ја побарале да ја убедат да ја облече нивната облека додека ја служи казната.

Па, така, Наоми носеше бунда од Џулијана Тесо, крзнени бомбер јакни, кожени палта, секогаш со соодветна капа, високи потпетици, а понекогаш и огромна чанта Hermes.

Кулминацијата на ова „модно шоу“ се случи последниот ден кога Наоми се појави во свечен долг фустан со металик светки од Dolce & Gabbana, во комбинација со дијамантски ѓердан и прстен.

Откако заврши со работата на улица, таа влезе во црн Rolls Royce и отиде на роденденската забава на Елтон Џон.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-11.jpg

Но, во тоа време Наоми беше зависна и од кокаин и алкохол.

Таа неколку пати се пријавуваше во клиника за рехабилитација, но по кратко време, пак се враќаше на старите навики.

Сепак, таа тврди дека е чиста од 2011 година и дека оттогаш не пие, ниту зема наркотици.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-14.jpg

Модна икона од ’90-тите

Наоми Кембел инспирираше цела една генерација модели со нејзиниот став, начинот на движење на модната писта, витката линија и огнената личност.

На само 16 години замина во Париз за да дебитира на модната писта за брендот Azedin Alaia, со што го направи првиот чекор во ѕвездената кариера. Со дизајнерот Алаја, стана толку блиска, што го нарекуваше татко.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-09.jpg

Таа беше една од оригиналните супермодели, заедно со Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон, Карла Бруни и Клаудија Шифер. Со нив се појави на многу насловни страници, фотосесии, ревии.

Таа се појави и во легендарниот спот на Џорџ Мајкл за песната Freedom, заедно со Синди, Кристи, Линда Еванџелиста и Татјана Патиц.

„На снимањето дојдов директно од шоуто на Тиери Муглер. Моравме да летаме од Париз до Лондон директно по ревијата. Бев исцрпена, но многу среќна што сум таму и што Џорџ нè избра нас пет“, рече Наоми во интервју веднаш по смртта на познатиот пејач.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-20.jpg

Живот без скандали откако стана мајка

Кембел во мај 2021 година откри дека стана мајка и објави слика на која ги држи нозете на својата новородена ќерка.

„Прекрасен мал благослов ме избра мене да бидам нејзина мајка. Многу ми е чест што ја имам оваа нежна душа во мојот живот, нема зборови со кои може да се опише доживотната врска што сега ја споделувам со тебе ангелу мој. Нема поголема љубов“, напиша тогаш.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-02.jpg

Никој не знаеше дали таа го роди детето или ќерката е посвоена. Скоро една година подоцна, таа во интервју прозборе за ќерката.

„Не е посвоена, таа е мое дете. На прстите од едната рака можам да избројам колку луѓе знаеле дека ќе го добијам. Но, таа е најголемиот благослов што некогаш сум можел да го замислам. Тоа е најдоброто нешто што сум го направил што ми се случило“, рече Наоми.

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg