Ја нападна помошничката, се лечеше од зависности: Скандалозниот живот на Наоми Кемпбел

Наоми Кемпбел (53) и по четири децении на модната сцена мами воздишки со својот изглед и огнен карактер. Дамата која ги постави модните стандарди отсекогаш сакала да е светски позната - за кариерата ја жртвуваше љубовта, се бореше со зависности, живееше скандалозно, а се смири дури откако доби ќерка.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-01.jpg

Наоми Кемпбел, еден од најпознатите светски супермодели, е првата Афроамериканка која се појави на насловните страници на францускиот и британскиот Vogue, и првата црномурна манекенка која се појави на насловната на магазинот Time.

Денес, на 53 години, Наоми изгледа како да е во своите 30-ти. Таа и понатаму мами воздишки со беспрекорниот манекенски став, исто како и на почетокот на кариерата.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-13_copy_copy.jpg

Иако важи за една од најубавите и најпривлечни жени во светот, Наоми Кемпбел уште од почетокот на кариерата ја следеа многу скандали.

Поради избувливиот карактер, многу брзо ги губеше асистентките, а некои модни дизајнери дури и одбиваа да работат со неа. Но, тие ѝ ги простија грешките од минатото.

Која е Наоми Кемпбел?

Родена е на 22 мај 1970 година во Лондон, Англија.

Првиот договор со модна агенција го потпиша на 15-годишна возраст. Но, во тоа време веќе имаше снимено музички спотови на Боб Марли и бендот Culture Club.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-05.jpg

Поттикната од ова искуство, Наоми реши да пее, па стана популарна во Јапонија. Нејзината пејачка кариера го достигна врвот со хитот „Love and Tears“ од 1994 година.

Нејзиниот деби албум „Baby Woman“ се продаде во повеќе од милион примероци.

Таа беше вклучена и во неколку филмски проекти од раните 1990-ти години, па се појави во неколку серии и филмови, меѓу кои и „The Cosby Show“, „The Fresh Prince of Bel-Air“ и „Ugly Betty“.

Во 1999 година Наоми лансираше и своја линија женски мириси.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-08.jpg

Ја жртвуваше љубовта за кариерата

Низ годините Наоми Кембел ја поврзуваа со многу познати мажи – Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро, пејачот на One Direction, Лиам Пејн.

Таа беше свршена со басистот Адам Клејтон во 1993 година, а потоа и со бизнисменот и магнат на Формула 1, Флавио Бријаторе, но не се омажи за ниеден од нив.

Во едно интервју Наоми откри дека многу пати ја жртвувала љубовта за да биде светски познатата манекенка.

„Жртвата е да се најде сродна душа која ќе те разбере. Силна сум, но и чувствителна. И знам дека во врските морам да правам компромиси, кои не ги сакам секогаш“, вели Кемпбел.

ja-napadna-pomoshnichkata-se-lecheshe-od-zavisnosti-naomi-kempbel-go-pokori-modniot-svet-a-zhiveeshe-so-skandali-21.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Лав? (фото) Сопружниците Џенифер Лопез и Бен Афлек се родени во знакот на Лав, иако таа е во...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg