Милијардерот Џеф Безос ја запроси девојката на јахта од 500 милиони долари – таа не може да го скрие огромниот дијамант
- Детали
- вторник, 23 мај 2023
Џеф Безос и Лорен Санчез беа фотографирани на суперјахтата на милијардерот која чини половина милијарда долари, а претходно и на Ибица, каде неговата сакана безуспешно се обидуваше да го скрие огромниот веренички прстен. Парот се сврши по околу пет години заедно.
По околу пет години врска, Џеф Безос ја запроси саканата Лорен Санчез.
Daily Mail пренесува дека милијардерот го поставил прашањето на неговата суперјахта која чини вртоглави 500 милиони долари, со дијамантски прстен.
Парот беше фотографиран на палубата од јахтата - и двајцата беа во лежерно издание, а прстенот на Лорен беше повеќе од очигледен.
Минатата недела парот беше фотогафиран и на Ибица, а од фотките е јасно дека Лорен пробува да го скрие прстенот.
Моментално Лорен и Безос се во Франција за Канскиот филмски фестивал, каде присуствуваа на премиерата на новиот филм на Мартин Скорсезе.
Претходно, тие дојдоа во Европа со приватен авион и извесен период пловат покрај брегот на Европа.
Всушност, Лорен и Безос речиси постојано се на јахтата на милијардерот, откако заврши нејзината изградба во март годинава.
Јахтата е украсена и со огромна скулптура која премногу наликува на самата Лорен.
Покрај цената од половина милијарда долари што ја плати за јахтата, Безос ќе троши и околу 25 милиони долари годишно само за да може да плови со неа.
Доколу се венча со Лорен, ова ќе биде втор брак за милијардерот. Претходно, тој беше во брак со Мекензи Скот – тие го финализираа разводот во 2019-та, по 25 години заедно.
До 2019-та и Лорен беше во брак, со бизнисменот Патрик Вајтсел. Тие беа заедно околу 13 години.