Познати личности кои имаат многу помлади браќа и сестри
- Детали
- недела, 14 мај 2023
Знаевте ли дека Енрике Иглесијас има полубрат кој е 32 години помал од него? Кои се другите познати личности кои имаат многу помлади браќа и сестри?
Во повеќето семејства, возрасната разлика помеѓу браќата и сестрите е неколку години, некогаш и само една.
Но, постојат и браќа и сестри чија возрасна разлика изнесува и повеќе од една-две децении.
Познати личности кои имаат многу помлади браќа и сестри:
Селена Гомез и Грејси Елиот Тифи – 20 години
Сестрата на Селена Гомез е родена во 2013-та, што значи дека пејачката е две децении постара од неа.
Селена честопати зборува за нејзината сестра и вели дека ѝ е најдобра пријателка. Неретко, пејачакта ја носи Грејси и на важни настани.
Кортни Кардашијан и Кајли Џенер – 18 години
Кортни е најстарата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, додека Кајли – најмалата.
Возрасната разлика помеѓу двете ријалити ѕвезди е 18 години.
Кортни и Кајли се всушност полусестри. Крис Џенер им е мајка на двете, додека таткото на Кортни е адвокатот Роберт Кардашијан, а таткото на Кајли е Кејтлин (порано Брус) Џенер.
Зек Ефрон и Оливија – 32 години
Фановите на Зек Ефрон беа навистина изненадени кога актерот откри дека има сестра.
Оливија е 32 години помлада од Зек, а тој првпат објави фотка со неа дури во 2021-ва.
Александер Скарсгард и Бил Скарсгард – 14 години
Александар и Бил потекнуваат од Шведска, од семејство талентирани актери.
Изминативе неколку години, браќата станаа мошне популарни и во Холивуд.
Александар е постар од Бил, а возрасната разлика помеѓу нив е 14 години.