10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени
- Детали
- недела, 07 мај 2023
Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола, па и дека низ годините биле во врска и со мажи и со жени. На списокот се Мајли Сајрус, Кристeн Стјуарт, Рики Мартин, но и уште некои за кои можеби не сте знаеле дека се бисексуалци…
Последниве десетина година светските ѕвезди отворено зборуваат за својата сексуалност, па многу од нив не кријат дека се бисексуалци.
За некои од нив можеби знаевте дека ги привлекуваат двата пола, но некои ѕвезди ќе ви бидат изненадување.
Во продолжение 10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени:
Кристен Стјуарт
Ѕвездата на филмот „Twilight“, Кристен Стјуарт, неколку години беше во врска со актерот Роберт Патинсон.
Тие планираа и да се венчаат, пред Кристен да го изневери со режисерот Руперт Сандерс.
Брзо по ова, Кристен призна дека ја привлекуваат жени, па сега e свршена со сценаристката Дилан Мајер.
;
Синтија Никсон
Популарната Миранда Хобс од серијата „Sex and the City“ во 2012 година се идентификуваше како бисексуалка и брзо потоа се омажи за активистката за ЛГБТ права, Кристин Мериони.
Синтија претходно беше во долга врска со Дени Мозес, со кого го има синот Семјуел Џозеф Мозес.
;
Мајли Сајрус
Мајли Сајрус беше мажена за актерот Лиам Хемсфорт, но по разводот почна врска со блогерката Кејтлин Картер.
По ова таа јавно призна дека е бисексуалка и дека се заљубува во луѓето и нивната душа, а не во нивниот пол.
Во моментов Мајли е во врска со маж.
Шајлин Вудли
Ѕвездата на филмот „Divergent“ скоро целиот живот била во врска со мажи, но пред неколку години беше во кратка врска со Исидора Горештер.
Брзо по ова, таа почна да се гледа со бекот на рагби клубот Green Bay Packers, Арон Роџерс.
https://www.instagram.com/p/CnxGDLMPDWi/?utm_source=ig_web_copy_link
Сара Полсон
Актерката Сара Полсон за кратко време стана една од највлијателните дами во Холивуд.
Иако до 2004-та година излегуваше само со мажи, веќе не крие дека сака и жени.
Таа се гледаше со актерката Чери Џоунс, а од 2015 година е во врска со актерката Холанд Тејлор.
;