Бекамови, Џон Траволта и уште 5 ѕвезди кои имаат деца со попреченост (и отворено зборуваат за тоа)

Силвестер Сталоне во далечната 1990-та година откри дека неговиот син Серџо Сталоне има аутизам. Денес неговата изјава се доживува сосема природно, но пред 33 години, за тоа беше потребна голема храброст.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-01.jpg

Во ерата на социјалните мрежи, кога светските ѕвезди преку Инстаграм или Јутјуб зборуваат на секоја можна тема со своите фанови, дел од нив решија да прозборат за своите деца со попреченост.

Познатите личности велат дека нивната цел е да ја подигнат јавната свест за лицата со попреченост, а тоа може да го направат само ако ги споделат своите лични приказни со фановите.

Силвестер Сталоне беше еден од првите големи холивудски актери кои јавно зборуваше на оваа тема. Тој уште во далечната 1990 година откри дека неговиот син Серџо Сталоне има аутизам, а пред 33 години, тоа беше голема храброст.

Кои сè ѕвезди отворено прозбореа за своите деца со попреченост?

Брендон Фрејзер

Оскаровецот Брендон Фрејзер во разговор за списанието „Interview“ рече дека неговиот најстар син Грифин има аутизам.

„Тој е аутистичен. Само што наполни 20. Тој е големо дете, висок е, има големи раце и нозе, големо тело. И има духовна убавина.

Наречете го тоа нарушување ако сакате, но нема да се согласам со вас – тој не знае ништо за иронија. Тој не знае што е цинизам. Не можете да го навредите. Тој не може да ве навреди вас. Тој е најсреќниот човек што го познавам“.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-02.jpg

Дениз Ричардс

Актерката Дениз Ричардс, на чија ќерка Елоиз ѝ беше дијагностицирано хромозомско нарушување во 2017 година, го прифати предизвикот да воспитува дете со посебни потреби.

Таа е отворена за фактот дека лекарите немаат решение за нејзиниот конкретен случај, но ја охрабрува фактот што нејзината ќерка по малку зборува, а што прв збор ѝ бил тато.

„Не знам дали Елоиз некогаш ќе зборува како типично дете. Но, како родител, вие го сакате она што е најдобро за вашите деца и само живеете со тоа“, сподели таа со „People“.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-07.jpg

Џон Траволта

Џет, најстариот син на Џон Траволта и Кели Престон, почина на 16 години во нивната резиденција на Бахамите.

Брзо по неговата смрт, актерите во полиција пријавија двајца мажи кои ги уценуваа дека ќе ја кажат на јавноста вистината за состојбата на Џет.

На судењето беше откриено она што долго се шпекулираше, дека Џет имал аутизам.

„Тој беше аутистичен. Тој страдаше од нарушување поради нападите“, рече Траволта на судењето во 2009 година.

Претходно парот јавно кажа дека нивниот син боледува од Кавасаки, нарушување на крвните садови што предизвикува воспаление низ целото тело.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-05.jpg

Дејвид и Викторија Бекам

Викторија Бекам во 2006 година им се развика на папараците на аеродром, да престанат да ги сликаат неа и нејзиниот, тогаш 4-годишен, син Ромео Бекам.

Иако јавноста го опиша нејзиното однесување како грубо, таа подоцна ја откри причината.

„Тој има епилепсија. Сето тоа трепкање може да предизвика епилептичен напад. Не можете да ни го правите тоа“, им се обрати таа на фотографите преку интервју за „People“.

Откритието ги шокираше медиумите, па „Splash News“ стави забрана да се фотографира детето или семејството Бекам кога се сите заедно.

Сопственикот на фото-агенцијата Кевин Смит рече: „Ниту една фотографија не вреди за да се загрози животот на детето“.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-08.jpg

Колин Фарел

Синот на Колин Фарел и Ким Борденаве, Џејмс, има ретко генетско нарушување наречено Ангелманов синдром, поради што не може да комуницира, ни да се грижи за себе.

И покрај попреченоста, Фарел вели дека синот е еден од најголемите подароци во неговиот живот.

„Поради неговата чесност, борба, упорност и неговата личност, Џејмс го извлекува најдоброто од луѓето. Тој буквално ми го спаси животот.

Бев на деструктивен пат. Кога не можев да ги направам промените во мојот живот за себе, ги направив за Џејмс. Тој ми даде причина да бидам подобар човек и татко,“ рече актерот во 2017 година.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-06.jpg

Силвестер Сталоне

Во 1990 година ретко кој зборуваше отворено за децата со посебни потреби или попреченост. Но тоа го смени Сталоне кога се појави на насловната страница на „People“ и зборуваше за неговиот „тивок син“, Серџо Сталоне.

Актерот и неговата тогашна сопруга Саша Сталоне потоа основаа истражувачки фонд за да соберат пари за Националното друштво за деца и возрасни со аутизам.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-03.jpg

Тони Брекстон

Дизел, најмалиот син на пејачката Тони Брекстон и нејзиниот поранешен сопруг Кери Луис, беше дијагностициран со аутизам на рана возраст.

Затоа парот се вклучи во организацијата „Autism Speaks“ за да побара програми за да му помогне.

Во 2016 година, Брекстон имаше контроверзна изјава за „Access Hollywood“ дека нејзиниот син е надвор од спектарот и веќе не се смета за аутистичен.

„Мојот најмлад син, боледува од – или би требало да кажам – страдал од аутизам. Јас сум од среќните родители. Раната дијагноза менува сè“, рече таа.

Дизел сега има 18 години и е успешен модел во модната индустрија.

dejvid-i-viktorija-bekam-djon-travolta-i-ushte-5-dzvezdi-koi-imaat-deca-so-poprechenost-i-otvoreno-zboruvaat-za-toa-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg