Исхраната, начинот и изборот на производи и намирници за секого значи подобро здравје, енергичност и виталност на организмот. Но, исхраната за лицата со дијабетес претставува и живот, затоа што дијабетесот освен што се лекува доживотно, пациентите мора да применуваат и правилен начин на исхрана за да не дојде до компликации по нивното здравје.