Кампањата „Лето на радоста“ завршува со виртуелно искуство

kampanjata-leto-na-radosta-zavrshuva-so-virtuelno-iskustvo.jpg

  • Telekom Electronic Beats го проширува виртуелниот свет на Roblox и ја претставува „Пловечка шума“
  • Нови елементи на играта и ексклузивна диџеј свирка на Џејда Џи
  • Досега, ова е трето проширување на Beatland на Telekom Electronic Beats

Кампањата „Лето на радоста, младоста и слободата“ на Дојче Телеком завршува со „Пловечка шума“ - виртуелно клупско искуство на Roblox во „Beatland“. Целта е да им понудиме на корисниците сосема нови елементи на играта и ексклузивна свирка со Џејда Џи, диџејка и соработничка на „Лето на радоста“.

Виртуелниот подиум за танцување е дизајниран специјално за диџеј настапот на Џејда Џи и ги поканува играчите да бидат креативни и да миксаат свои песни за посетителите на Beatland. Секоја недела во текот на наредниот месец, „Пловечка шума“ќе објавува нови „зелени“ активности, како што се пошумување, собирање семиња или отпад.

Како награда, играчите ќе добиваат Verch ставки (производи за виртуелна трговија) за да се пријават за учество на настанот на Џејда Џи. Ексклузивните поп-ап диџеј свирки ќе се случуваат од 29 септември до 1 октомври. Секоја свирка ќе трае околу 20 минути и ќе биде достапна низ целиот свет.

Успешната приказна за Beatland

Од успешното воведување во април минатата година, Beatland има над 17 милиони посетители. Денес, околу 10.000 корисници дневно го посетуваат клубот и остануваат во просек околу единаесет минути.

Џејда Џи

Канадската хаус-музичка продуцентка, диџејка, еколошка активистка и заштитно лице на актуелната кампања на Дојче Телеком „Лето на радоста“, Џејда Џи, беше номинирана на 63-то издание на Греми наградите за нејзината песна „Both of Us“. Таа неодамна го издаде својот втор албум „Guy“ преку Ninja Tune.

„Лето на радоста, младоста и слободата“

Виртуелната свирка на Џејда во Beatland е последниот дел од кампањата на Дојче Телеком фокусирана на Генерацијата Z: „Лето на радоста, младоста и слободата“. Преку оваа кампања, Дојче Телеком ја покажува својата поддршка за помладата генерација, обезбедувајќи им исклучителни музички искуства низ цела Европа.

Кампањата „Лето на радоста“ овозможува пристап до некои од најпознатите фестивали низ Европа, како што се Colours of Ostrava (Чешка), Ohrid Calling (Македонија), фестивалот INOTA (Унгарија) и многу други. Исто така, обезбедува пристап до голем број ексклузивни настани на отворено и клупски вечери организирани од меѓународната музичка програма Electronic Beats.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg