3 причини зошто да изберете Samsung TV
- Детали
- вторник, 29 август 2023
Искусете ја димензијата на големите екрани со напредна технологија, софистициран дизајн, супериорна заштита и беспрекорна поврзаност
Денес, телевизијата повеќе не е само прозорец во светот на медиумите, туку станува интерактивна комбинација на забава и информации преку која зачекорувате во светот на бескрајните можности создавајќи персонализирани искуства. Телевизорот смело ги поместува границите на познатото и ја отвора вратата кон бескрајните функционални можности. Станува инспирација, креативна алатка и централно место за иновации, а новата ера на гледање телевизија на големиот екран од многу инчи значи да и се предадете на магијата на технологијата која не само што е подобра, туку е и посеопфатна нудејќи ви многу повеќе од пасивно набљудување и овозможувајќи ви активно учество, истражување и создавање.
Нека вашиот Samsung телевизор со голем екран биде најубавиот и највпечатливиот уред во вашиот дом
Самсунг отсекогаш бил пионер во технологијата на телевизори, постојано поместувајќи ги границите на квалитетот на екранот и иновативноста. Во 2017 година, Samsung ја редефинира извонредноста на екранот со воведување на првиот QLED телевизор во индустријата. Подоцна, компанијата продолжи да го подобрува искуството на гледање со револуционерните телевизори како што се револуционерните QLED 8K и QLED Quantum Mini Neo со LED и MICRO LED технологии. Воведувањето на ТВ серијата Lifestyle донесе модели кои совршено се прилагодуваат на животниот стил на корисниците, а предничи иконскиот дизајн на The Serif TV. Линијата Lifestyle ги донесе и телевизорите The Frame, The Sero и The Terrace. Со беспрекорно комбинирање на естетиката и функционалноста, Samsung успешно го прошири полето на употребливост и дизајн на телевизорите, зацврстувајќи го својот статус на иноватор не само во технологијата, туку и во преобликувањето на идеите за тоа како телевизорите се вклопуваат во модерниот начин на живот.
Samsung OLED 4K со екран од 195 cm (77 инчи) нуди исклучително длабоки црни, чисти бели и други богати нијанси на бои, благодарение на технологијата за самоосветлувачки пиксели, напојувана со технологијата Quantum Dot. Со својот ултра тенок профил, го подигнува доживувањето на гледањето на следното ниво и обезбедува спектакуларно доживување при гледањето. Режимот за удобност на очите автоматски ги прилагодува осветленоста и боите на екранот по зајдисонце, овозможувајќи оптимална релаксација и одмор. Прекрасниот дизајн Infinity One ќе го подигне вашето искуство на гледање на следното ниво со својот неверојатно тенок профил.
Сакате дома вистинско кино? Оригинално кинематографско искуство во вашиот дом ќе ви овозможи Samsung QLED 4K со голем екран од 249 сантиметри (98 инчи), телевизор на кој му нема рамен, со исклучителен контраст на живописни сцени на екранот, постигнат благодарение на револуционерната технологија Quantum HDR+, која обезбедува неверојатно искуство. Неговиот ултра тенок профил и гламурозниот метален дизајн му даваат елеганција на секој дом, што го отежнува оттргнувањето на очите од него.
Сосема новите модели на Neo QLED и OLED телевизори ве предизикуваат да го надминете пасивното гледање и да се препуштите на динамично и активно доживување. Најсовремените телевизори на Samsung, особено телевизорите кои можете да ги имате со голем екран до 85 инчи, ја редефинираат домашната забава. Во продолжение ви нудиме уште три убедливи причини зошто изборот на телевизор Samsung ќе го промени начинот на кој гледате и доживувате телевизија.
1. Samsung e 17-та година по ред го предводи глобалниот пазар на телевизори
Ако се прашувате кои телевизори се денес најдобри, тогаш вперете ги очите во Samsung телевизорите бидејќи Samsung Electronics повторно, 17 години по ред го задржува приматот за лидерство и извонредност на глобалниот пазар за телевизори, заземајќи го првото место на последното истражување за 2022 година. Посветеноста кон иновации продолжува и во 2023 преку развој на интуитивната технологија дизајнирана да ги задоволи потребите и на најпребирливите корисници кога се во прашање телевизорите. Дополнително, платформата SmartThings овозможува беспрекорна интеграција и поврзување на повеќе уреди, при што ќе ви обезбеди персонилизирано искуство кое во целост ќе одговори на вашите преференци и потреби. Преземете ја апликацијата SmartThings на вашиот паметен телефон Galaxy и контролирајте го вашиот телевизор и целиот паметен дом со дланката.
2. Безбедност со Samsung Knox
Безбедносниот систем Samsung Knox е одлично решение за елиминирање на загриженоста за безбедноста на паметните телевизори. Samsung Knox сега е интегриран во телевизорите на Samsung и носи многу придобивки кои го редефинираат корисничкото искуство. Со заштита во реално време од закани кои се развиваат и брзи ажурирања, посветениот безбедносен тим на Samsung Knox гарантира дека корисниците се заштитени од обиди за хакирање. Комбинирајќи софтверска и хардверска заштита, овој повеќеслоен безбедносен пристап ги заштитува чувствителните податоци и обезбедува цврста бариера од потенцијални упади. Заштитата ги покрива сите уреди поврзани со телевизорот и спречува неовластен пристап и потенцијални безбедносни пропусти. Автоматското блокирање на малициозни апликации и лажни веб-локации дополнително ја зајакнува заштитата. Се осигурува дека сите лични податоци, како што се PIN-кодовите и лозинките, се заштитени.
3. Еколошки и одржлив телевизор
Посветеноста на Samsung за одржливост се рефлектира и во новите Neo QLED и OLED TV линии. Далечинскиот управувач Solarcell, еколошкото пакување и употребата на рециклирани материјали при производството поставуваат одржливи стандарди за телевизори. Вградувањето на далечински управувач Solarcell кој се напојува со сончева светлина и внатрешно осветлување не само што го намалува количеството на отпад од батерии, туку и промовира еколошки извори на енергија. Воведувањето на еко-пакувањето оди подалеку од конвенционалната рамка бидејќи им овозможува на потрошувачите повторно да ја користат ТВ-кутијата во различни креативни предмети, намалувајќи го отпадот и нагласувајќи ја кружната економија. Дополнително, вклучувањето на рециклирана пластика и ниско-јаглеродни смоли на заната страна од телевизорот ја нагласува посветеноста на Samsung за намалување на јаглеродниот отпечаток, додека ги одржува највисоките стандарди за квалитет.
Преку овие иницијативи, Samsung не само што нуди врвна технологија, туку и ги овластува потрошувачите да прават еколошки свесни избори, промовирајќи одржлив начин на живот без да се загрози извонредноста на производот.
Погледнете ја широката палета на Samsung телевизори тука, а повеќе за телевизорите од 77 инчи и 98 инчи прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95c-77-inch-oled-4k-smart-tv-qe77s95catxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/q80c-98-inch-qled-4k-smart-tv-qe98q80catxxh/