„Ви благодариме за нашето денес“: Со подароци и емотивна порака, Алкалоид ги потсети пензионираните вработени дека не ги заборавa

Алкалоид е компанија која успешно работи скоро 90 години, а со пораката – „Ви благодариме за нашето денес“ – им изрази благодарност на пензионираните вработени кои помогнале да стане она што е денес.

vi-blagodarime-za-nasheto-denes-so-podaroci-i-emotivna-poraka-alkaloid-gi-potseti-penzioniranite-vraboteni-deka-nema-da-gi-zaboravi-01_copy.jpg

Денес не постои личност во Македонија која не се напила „Кафетин“ за главоболка или која не купила крем од брендот „Бекутан“.

За популарноста, и пред сè квалитетот на овие и другите производи на Алкалоид, најголема заслуга имаат вработените.

А, Алкалоид како општествено одговорна компанија, навистина се грижи за своите вработени – и сегашни, и поранешни.

Преку пораката „Ви благодариме за нашето денес“, Алкалоид ги потсети своите пензионирани вработени дека никогаш нема да ги заборави.

Па така, тие добија подарок од компанијата – пакет производи од портфолиото на Алкалоид и емотивна порака од генералниот директор Живко Мукаетов.

vi-blagodarime-za-nasheto-denes-so-podaroci-i-emotivna-poraka-alkaloid-gi-potseti-penzioniranite-vraboteni-deka-nema-da-gi-zaboravi-02.jpg

„Успехот во работењето на ’Алкалоид‘ се должи, пред сè, на квалитетот на кадарот кој работи во компанијата, на квалитетот на производите, на брендот Алкалоид, како и на поединечните брендови кои ги имаме, а кои ги граделе генерации алкалоидовци години наназад.

Токму вас, нашите пензионери, ’Алкалоид‘ сака да ве потсети дека не заборавил на вашиот влог во секој еден проект, во секој еден производ и во секој еден наш капацитет.

Ви благодариме за нашето денес!“

Пензионираните вработени не останаа рамнодушни на убавиот гест, кој навистина топли срца и е пример за сите компании.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg