Омилените вкусови одат заедно - Моја Кравица чоколадно млеко и Чоко стоби со неодолива понуда
- Детали
- среда, 15 март 2023
Кога ќе го прашате вашето дете што најмногу сака за ужинка, неговиот одговор со голема радост и насмевка е чоколадно млеко. Тоа е така затоа што токму чоколадното млеко е омилениот пијалак за сите деца. Тие се среќни кога го консумираат за појадок, за ужинка, дома или во училиште, додека играат.
Родителите знаат дека секојдневното консумирање млеко е потребно за децата во раст и развој, затоа што содржи витамини и минерали, богато е со калциум со што ги зајакнува коските, се грижи за здравјето на забите и го зголемува имунитетот, а какаото како основна хранлива состојка на чоколадото а со тоа и на чоколадното млеко, е корисно за мозокот и ја поттикнува неговата работа.
Сето ова го прави чоколадното млеко и корисно, освен што е омилено. Затоа што омилените вкусови секогаш одат заедно Бимилк и Витаминка започнуваат со неодолива слатка акција – со секој купен сет две Моја Кравица чоколадни млека од 250 мл се добива подарок Чоко Стоби. Со оваа активност со која Бимилк растењето го прави уште поинтересно, ги наградува најмалите и најлојалните потрошувачи. Омилен е кај децата затоа што има млечен вкус, а особено е неодолив кога е во комбинација со друг омилен вкус.
Чоколадното млеко Моја Кравица со години е омилен сладок пијалак за сите генерации и е дел од најубавите и најслатките моменти на растењето. Шолја со познатиот вкус на чоколадо, во комбинација со најквалитетното млеко, задоволува 40 проценти од дневните потреби за калциум. Една чаша дневно кај секое дете е потребно за повеќе здравје и повеќе енергија при рекреативни активности, дружба со другарчињата во маало, учење или решавање на домашни задачи. Израдувајте ги дечињата, затоа што малку треба за среќа.
Оваа супер вкусна акција, љубителите на чоколадното млеко Моја Кравица и Чоко Стоби може да ја најдат во сите подобро снабдени маркети ширум државата со почеток од 27.02.2023. Акцијата ќе биде достапна до потрошување на залихите.