Kids Today – облека за безгрижно и разиграно детство

Новоотворената онлајн продавница Kids Today е вистински новитет и освежување на пазарот на детска облека. Таа е замислена како платформа која ќе понуди внимателно избрани брендови за детска облека и обувки, каде акцентот е ставен на современиот и уникатен дизајн, но и на материјалите од кои тие се изработени.

kids-today-obleka-za-bezgrizhno-i-razigrano-detstvo-01.jpg

Сите производи се направени од сертифицирани органски материјали. Македонските купувачи за првпат на едно место ќе може да најдат брендови каде одржливоста, потеклото на материјалите и условите во кои се изработува секое парче облека се едни од главните приротети при креирањето на секоја колекција.

kids-today-obleka-za-bezgrizhno-i-razigrano-detstvo-02.jpg

kids-today-obleka-za-bezgrizhno-i-razigrano-detstvo-03.jpg

Брендовите кои може да се најдат на www.kidstoday.mk не спаѓаат во категоријата на брзата мода, туку се фокусираат да понудат врвен квалитет и удобност, да ја истакнат посебноста на секое дете и да бидат сојузник на децата во нивната безгрижност. Всушност, тие го отсликуваат детството во најдоброто светло – еклектично, имагинативно, креативно, слободно...

kids-today-obleka-za-bezgrizhno-i-razigrano-detstvo-04.jpg

Kids Today ја започнува сезоната пролет/лето’23 со 5 брендови кои за прпвпат се појавуваат на македонскиот пазар, но и пошироко. Тука се шведскиот бренд Mini Rodini, препознатлив по карактеристичните принтови и парчиња кои доаѓаат во јаки, разиграни тонови; шпанскиот Tocoto Vintage кој ја пренесува тополината и шармот на медитеранот и каде може да се најдат и рачно изработени модели со особено внимание посветено на деталите; францускиот We Are Kids – бренд кој доаѓа од Корзика и кој автентично ја пренесува топлината и специфичноста на овој остров; англискиот Little Cotton Clothes кој нуди класични модели со современа нишка и исклучителна изработка и Young Soles London – бренд за луксузни детски обувки со безвременски дизајн.

Колекциите за пролет/лето’23 се веќе достапни може да се погледнат тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg