Што донесе последниот ден на Моден Викенд Скопје?
- Детали
- недела, 12 март 2023
Тридневното модно патување на 26. издание на Моден Викенд Скопје, заврши синоќа во East Gate Mall со "The Bridal Fashion Night".
Последениот ден од настанот беше "The Bridal Fashion Night" кој беше кулминација на најновите трендови и дизајни во невестинската мода, програма која не ги разочара присутните.
Ревиите на пистата беа спектакуларен приказ на креативноста на дизајнерите кои ги покажаа своите најавангардни дизајни, со неочекувани силуети и комплицирани детали. Ревиите кај невестинската мода се убав миг, во кој моделите избрани на кастинзите чекорејќи по пистата, ги оживуваат дизајните.
Серијата ревии ја отвори Наташа Карчева и нејзиниот бренд AL APAREL, кој е синоним за детали и рачна изработка од најфини материјали. Од деликатни до авангардни силуети на оваа колекција, се гледа уникатната визија на дизајнерката која остава големи импресии.
Потоа следуваше ревијата на SIGMA Jewelry, бренд за ексклузивен италијански накит кој повторно изнуди воздишки со новата луксузна колекција за претстојната сезона. Оваа ревија, преку несекојдневен моден перформанс ги претстави новите трендови во кои идните невести со префинет вкус за аксесоари, несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошниот сет ланчиња, обетки и прстени во кои моделите продефилираа на пистата, затоа што му даваат посебно благородна нота на целокупниот изглед за големиот ден.
VLORA & KALTRINA- couture collection е модна рефлексија која се базира на филозофијата за елегантна женственост. Секоја нивна креација е рачно изработена, а тоа внимание кон деталите кое е претворено во љубов кон истите, ги прави нивните креации од класично елегантни до модерно софистицирани.
Големото финале беше оставено за FA-BU на Јагода Пачемска, дамата од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу", која изработува несекојдневни фустани од свежо цвеќе. Ова се креации кои го одземаат здивот, а Пачемска секогаш инспирирана од убавината која ја дава природата преку цветови и зеленило, како и нежноста која тие ја имаат открива креации за кои не сте ни сонувале. Фустаните од цветови се иновација, која е нова димензија во модниот дизајн. Ова се и еко френдли креации, зошто цветовите од вашиот фустан можат да се компостираат по нивната употреба.
Модниот Викенд Скопје е познат по можноста покрај ревијите на пистата, присутните да имаат можност да комуницираат со дизајнерите. Многу од дизајнерите ја споделија својата инспирација и креативен процес, давајќи им на присутните уникатен увид во светот на невестинската мода.
Моден Викенд Скопје и со ова 26. свое издание, беше прослава на креативноста, стилот и иновативноста во модната индустрија, со одличен одзив кај публиката.
Покрај низата модни ревии, изложби и работилници, прикажувајќи ги најновите трендови и стилови и од етаблираните и од новите дизајнери, присутните имаа можност да се сретнат и да комуницираат со дизајнери, експерти во светот на модата, блогери, модели и инсајдери во индустријата, како и да научат повеќе за светот на модата и дизајнот низ различните аспекти на креативниот процес.
Модните ревии беа врв на настанот, со прекрасни колекции од врвни дизајнери и брендови. Од авангардна мода до шик подготвен за носење, ревиите понудија разновидна палета на стилови и естетика што им се допадна на модните ентузијасти, а и на искусната стручна публика. Дизајнерите ги покажаа своите колекции на пистата, а присутните можеа одблиску да ги погледнат ткаенините, боите и текстурите на облеката.
Покрај модните ревии, Моден Викенд Скопје вклучи и јавни дебати на тема одржливост во модата и циркуларна економија, виртуелна ревија и реална изложба, поп ап дизајниран простор за концептуални продавници...сѐ под мотото „Јазикот на етиката и дизајнот", вклопувајќи се во Деновите на италијанскиот дизајн во соработка со Италијанската Амбасада во Скопје, Италијанската агенција за трговија ITA и East Gate Mall.
А ова се компании и брендови кои се поддршка на целиот настан: P2P, SN финансии, Smart Living, СН осигурутелен брокер, Sax gin.
Манекенките ги разубавуваше официјалниот партнер за фризура Alfaparf Milano Professional во соработка со школата „Димитар Влахов", како и KIKO Milano официјален партнер за шминка во соработка со „Школата за Убавина АРТ".
Пријател за нега и убавина бепе француската медицинска козметика Uriage - за здрава и негувана кожа без брчки, овој бренд ја има добитната формула.
Исто како ново! За три пати подолг век на траење на вашата облека – Первол Renew.
Слоганот на нашите слатки партнери е: Животот е посладок со Сандеј!
Бајадера. Ткаена со задоволство!
Maya - официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина.
Одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на MG ART беше вистински магнет за селфи фотографии.
Фото | Гјоргиј Ристоски