AVON со нова донација и силна поддршка во борбата за спречување насилство врз жените.

Поразителен е податокот дека денес една од три жени доживува насилство или злоупотреба во текот на својот живот. Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права во светот! Ситуацијата не е ништо поразлична ни во Македонија. Тоа е нешто што не треба да се случува!

avon-so-nova-donacija-i-silna-poddrshka-vo-borbata-za-sprechuvanje-nasilstvo-vrz-zhenite-01.jpg

Затоа Авон како компанија која ги поврзува луѓето, и е дел од секојдневието на секоја жена, независно од нејзината возраст и образование, континуирано  поддржува проекти и здруженија од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар и поквалитетен живот за сите, и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност.

„Ние во Avon веруваме во свет без семејно насилство. Среќни сме секогаш кога ќе ни се даде можност за поддршка и финансирање на проекти со кои излегуваме во првата борбена линија против семејното насилство. Од оваа определба нема никогаш да се откажеме. Ќе продолжиме со поддршка и напорна работа се додека не се осигураме дека жените и девојките се разбрани и фер третирани кога бараат помош или кога пријавуваат злоупотреба”, изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба – Avon Македонија

avon-so-nova-donacija-i-silna-poddrshka-vo-borbata-za-sprechuvanje-nasilstvo-vrz-zhenite-03.jpg

Оваа година, симболично само на ден после интернационалниот ден на жената, Avon Македонија повторно донира износ од 1.500.000 ден. на кризниот Центар Надеж, за реализација на проектот ВИЕ ЗБОРУВАТЕ – НИЕ СЛУШАМЕ. 

Средствата се собрани од продажбата на АVON производите означени со знакот за бесконечност - Стоп за насилство врз жени. 100% од профитот од овие производи е наменет за фондацијата Борба против семејно насилство.

avon-so-nova-donacija-i-silna-poddrshka-vo-borbata-za-sprechuvanje-nasilstvo-vrz-zhenite-06.jpg

Avon Македонија со години соработува со својот партнер Кризен Центар Надеж и финансира витални услуги за спасување на животи, а досега се донирани 17000$ за поддршка на повеќе проекти на овој центар.

avon-so-nova-donacija-i-silna-poddrshka-vo-borbata-za-sprechuvanje-nasilstvo-vrz-zhenite-04.jpg

avon-so-nova-donacija-i-silna-poddrshka-vo-borbata-za-sprechuvanje-nasilstvo-vrz-zhenite-08.jpg

Со денешната донација ќе бидат подржани следните активности на центарот: 24 часовна Национална СОС линија за помош и информации во секое време; Обезбедување првична и интервентна финансиска помош на жртвите на семејно насилство кои го напуштаат шелтерот (КЦ Надеж ќе им обезбеди на жените жртви ваучери од различни компании за набавка на храна, облека, лекови и хигиенски средства); како и обезбедување безбеден привремен престој за жртвите во времетраење од 24-48 часа.

Подетални информации за намената на донираните средства:

Психо-социјална помош и поддршка на жртви на семејно насилство преку Национална СОС линија:

На жртвите им е потребна 24 часа достапна СОС телефонска линија за помош на која можат да се јават во секое време и да побараат информации, помош, поддршка или да бидат упатени до најблиските и најсоодветните институции или други услуги за да се надмине ситуацијата со која се соочуваат.

Обезбедување првична и интервентна финансиска помош на жртви на семејно насилство кои го напуштаат шелтерот:

Една од главните причини поради кои жртвите на семејно насилство не одлучуваат да го напуштат домот е економската зависнот од насилникот. КЦ Надеж ќе им обезбеди на жените жртви ваучери од различни компании за набавка на храна, облека, лекови и хигиенски средства. Секоја од згрижените жртви пред да замине од шелтерот, ќе добие ваучери за да може да си набави тоа што е потребно за неа и нејзините деца. КЦ Надеж ќе склучи договори со соодветни фирми од каде што жртвите ќе можат да си купат добра што им се потребни за првичниот период по напуштање на шелтерот.  

Oбезбедување безбеден привремен престој за жртвите во времетраење од 24-48 часа.

Жртвите на семејно насилство често имаат потреба да бидат изолирни од насилната средина. Во оваа насока, потребно е безбедно сместување за истите во период од 24-48 часови и повеќе доколку се појави потреба

 

За Avon

Avon е компанија која што веќе 136 години се занимава со убавина. Тоа е компанија која ги поврзува луѓето, користејќи ја моќта на убавината за да ги трансформира животите на подобро. Милиони претставници ширум светот ги продаваат брендовите на Avon преку нивните социјални мрежи, градејќи свои бизниси за убавина на полно или скратено работно време. Аvon се залага за родова еднаквост и ги слуша потребите на жените, зборува за прашањата кои се важни и создаваат позитивни промени.

Avon и Фондацијата Avon досега има донирано над 1,1 милијарди долари на глоблано ниво, со фокус на справување со семејното насилство и ракот на дојка.

Од 2004 година, Avon Фондацијата за жени придонесe со повеќе од 80 милиони американски долари на глобално ниво за поддршка на свеста, образованието и развојот, и спроведувањето на програмите за превенција и директна услуга.

Но, има уште повеќе да се направи. Заедно мораме да зборуваме за жртвите, бидејќи тишината боли.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg