ГЕА со оригинално видео го честита Меѓународниот ден на жената

Скопје, 08.03.2023 - По повод Меѓународниот ден на жената, Алијансата за родова еднаквост на работното место - ГЕА, која се залага за еднаквост на работното место, премиерно објави оригинален видеоспот со кој го честита 8-ми март, Меѓународниот ден на жената.

gea-so-originalno-video-go-chestita-megjunarodniot-den-na-zhenata-01.jpg

Главната порака на спотот е претставена преку отсликување на едно работно место во кое директорот низ неколку примери предизвикува родова нееднаквост помеѓу една вработена и вработените од спротивниот пол. Исто така, ги прикажува и обичаите во нашето општество поврзани со 8-ми март и со подарувањето на свежо цвеќе или цвеќе во саксија за Меѓународниот ден на жената, кои најчесто се случуваат само затоа што “така требa”.

Слоганот на видеоспотот гласи: “Со поголема саксија нееднаквоста не се маскира, 8-ми март е да се дискутира!”, бидејќи Меѓународниот ден на жената е всушност ден кога треба да се одбележи борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, клучна поента која често се засенува со подарување на подароци и необрнување на внимание на родовите нееднаквости и неправди кои се случуваат на работните места.

Видеоспотот, кој што може да се погледне во продолжение наиде на одлични реакции и голем број на споделувања на социјалните медиуми.

Тимот на ГЕА, преку испраќање на симболични саксии за 8ми март до одредени компании, наменети за да се користат како алатка за зголемување на рамноправноста, но и преку реченицата: “Ги собира ли во саксијата за 8-ми март сите неправди и нееднаквости на родова основа кои се случуваат на работното место во текот на целата година?”, повикува на поддршка од страна на компаниите и креаторите на политики за идентификување на нееднаквостите на работното место, преку дискусија и вклучување на вработените во процесот на креација на програмите и политиките, за истите да може да се искоренат со цел да процути рамноправноста, бидејќи, според нив, таму каде што цвета рамноправноста, докажано цветаат и резултатите.

Инаку, Алијансата е насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се еднакво вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања кои влијаат на развојот на жените на работното место. Алијансата за родова еднаквост на работното место е т.н. commitment maker за Родова еднаквост при UN Women и работи кон целта за одржлив развој #SDG5 - Родова Еднаквост.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg