Шпаркасе Бака организираше спектакуларен концерт во Филхармонија

На 1.3.2023 година, во преполна сала на Македонската филхармонија се одржа музички спектакл со Влатко Стефановски Трио, диригент Џијан Емин и филхармонискиот оркестар, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје.

shparkase-baka-organizirashe-spektakularen-koncert-vo-filharmonija-01.jpg

На настанот во присуство на голем број соработници, клиенти и претставници од медиумите свое кратко обраќање имаше г. Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор, кој констатираше дека Шпаркасе Банка заокружи уште една успешна деловна година и ја искористи можноста да им се заблагодари на сите институции, медиуми, како и клиенти и вработени на Банката, за целосната поддршка во изминатиот период. Истовремено, тој истакна дека годинава Шпаркасе Банка одбележува 15 години успешно работење на македонскиот пазар, како и дека останува силно посветена на визијата да се позиционира како општествено одговорна компанија, која има за цел обезбедување поквалитетен живот за сите во нашето општество, па во наредниот период голем труд и енергија ќе вложи во реализација на целите од стратегијата за одржливост.

shparkase-baka-organizirashe-spektakularen-koncert-vo-filharmonija-02.jpg

Настанот продолжи во пријатна атмосфера, а ѕвездите на сцената приредија врвно музичко доживување, кое долго ќе се памети и прераскажува.

shparkase-baka-organizirashe-spektakularen-koncert-vo-filharmonija-03.jpg

Соработката со музичката легенда Влатко Стефановски и Шпаркасе Банка трае втора година по ред. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон младите луѓе да веруваат во себе и во својот потенцијал. Оваа соработка, освен што е дел од кампањата „Верувај во себе“, претставува придонес кон целокупната македонска култура и уметност.

shparkase-baka-organizirashe-spektakularen-koncert-vo-filharmonija-04.jpg

Шпаркасе Банка продолжува да ги поддржува сите успешни луѓе што сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро, препознава потенцијал и мотивира, и на тој начин придонесува кон градење подобра заедница.

shparkase-baka-organizirashe-spektakularen-koncert-vo-filharmonija-05.jpg

Задоволството на клиентите, на вработените и на соработниците е водечка цел на Шпаркасе Банка, како и вложувањето во заедницата, културата и иновативните идеи што го движат светот напред, кон подобра иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg