Винарија Кукутанов: Нашите вина се вистинско богатство на вкусови, направени за уживање со сите сетила!
- Детали
- среда, 01 март 2023
Постои една винска изрека која вели „компромис може да правите во врските, но не и кога станува збор за виното”. Таков е односот кон виното на г.Ѓорѓи Кукутанов од винаријата Кукутанов кога станува збор за квалитетот.
Со капацитет за производство од 30000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна каде за почеток, фокусот е на добропознатото Шардоне, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж'та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар. Природни вина наменети за страсните љубители на винoто.
Климатските услови во Радовишката котлина се идеални за производство на хармонични вина поради изобилството на сончеви денови и постудените ноќи во периодот на зреење на грозјето. Во целокупниот производствен процес во винаријата, од приемот, преку примарната преработка, ферментацијата, до негата и зреењето се обрнува големо внимание. Се користат исклучиво бочви направени од македонски даб (благун), избран од Готен планина. Од нашето вино не боли глава, можеш да испиеш повеќе и да уживаш со сите сетила", додава г. Кукутанов.
„Не правиме никаков компромис во процесот на создавање вино. Цврсто се придржуваме кон своите основни принципи: беспрекорност во квалитет, највисоки производни стандарди во комбинација со традиционални методи и употреба на квалитетно грозје од сончевите радовишки лозови насади. Затоа се и такви нашите вина, вистинско богатство на вкусови, направени за уживање со сите сетила, кои откако еднаш ќе ги пробате, сакате повторно да се вратите на нив!
Не правиме компромис со квалитетот бидејќи за да се успее, па дури и во Македонија каде постојат огромен број на официјално регистрирани винарии, мора да се креира нешто навистина уникатно, специфично, што ќе се одвои од останатите вина”, вели г. Кукутанов.
Станува збор за фамилијарна винарија, во која постои неколку генерациска традиција на производство на вино и други алкохолни пијалоци, каде пред многу годинипрвичното хоби прераснува во силна страст, за да денес се креира автентична винска приказна, која ја раскажува приказната за "убавината" на македонските вина!