Од средства за итни случаи, до долгорочни цели: Зошто Промо Депозитот на Халкбанк е идеално решение за штедење?

Во животот секогаш е важно да се најде правилен баланс помеѓу потрошувачката и редовното штедење. Има безброј причини зошто е добро да се штедат пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување парично наследство за вашите најмили.

od-sredstva-za-itni-sluchai-do-dolgorochni-celi-zoshto-promo-depozitot-na-halkbank-e-idealno-reshenie-za-shtedenje-01.jpg

Штедењето е начин да се придонесе за финансиска сигурност и подобро да се планираат идните трошоци или да се реализира некоја стара желба, план или идеја. Штедењето е секогаш добра одлука, поддршка во непредвидени ситуации и во исто време олеснување, бидејќи парите ни стојат на располагање секогаш кога ни се потребни.

Кога станува збор за штедење пари, без разлика дали штедите за реновирање на вашиот дом, планирате да создадете фонд за итни случаи, оваа година сакате да заштедите повеќе од лани, или пак сакате да ја обезбедите иднината на вашето дете, најважно е да го изберете вистинскиот производ за штедење, со добри услови и динамика што вам ви одговара.

И секако, важно е да изберете безбедна и сигурна банка што ќе биде ваш долгорочен партнер при ова и секое следно финансиско вложување и која домаќински ќе управува со вашите средства. Таков сигурен партнер кој секогаш води грижa за своите клиенти и креира производи со атрактивни услови е Халкбанк АД Скопје. Покрај најразличните депозитни производи кои ги нуди банката, во моментот можеби најинтересен, пред сè поради прилично атрактивната камата, е ПРОМО депозитот .

Атрактивниот ПРОМО депозит на Халкбанк има минимален износ на вложување од 30.000 денари или 500 евра и нуди фиксна каматна стапка од 2,60%, 3,10% и 3,50% за 13, 25 и 36 месеци соодветно за штедење во денари, односно 1,60%, 2,10% и 2,60% за штедење во евра.

Рокот за штедење со овој производ е до 36 месеци, без можност за дополнителни уплати и повлекувања на средства, а каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување. Оваа понуда за ПРОМО депозитот важи до крајот на мај оваа година.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg