Реновиран салонот на Прима во Пинтија
- Детали
- вторник, 28 февруари 2023
Во саботата, на 25. 2.2023 година, по повод реновирањето на салонот на Прима мебел во населбата Пинтија во Скопје, нашите посетители, освен во квалитетниот мебел и беспрекорниот дизајн, можеа да уживаат и во вкусните делиции на шеф Марк де Јонг и големите попусти.
Бројот на присутните на овој одлично организиран настан само ја потврди оригиналноста на хрватскиот производител на мебел Прима кој секогаш ja покажува совршеноста во делот на производството, дизајнот, изборот на бои и ткаенини и модуларност со што им излегува пресрет на своите потрошувачи од сите генерации.
Но она што за нас беше новина од Прима е услугата Внатрешен дизајн на ентериер којашто започна да им ја нуди на своите клиенти. Со ова, секој заинтересиран може да побара од нивниот дизајнерски тим идејно решение и реализација на идејата, што е мошне лесно затоа што, како што велат оттаму, Прима нуди мебел за секој дел од домот.
„Сѐ започна со идејата да се прикаже нашиот дизајн пред луѓето коишто гравитираат во оваа населба, изнесувајќи ги на виделина нашиот квалитетен мебел, пристапните цени, големите попусти и најновите услуги што Прима им ги нуди на своите клиенти. Со тоа ја покажуваме нашата мисија започната пред 25 години кога од мала работилница станавме фабрика со 2000 вработени и голема мрежа на продажни салони, решавајќи ги сите замисли на иновативен начин“, велат од Прима.