Започна уписот за новите студенти на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ го започна уписот на нови студенти за академската 2023/24 година, а студиите започнуваат во октомври. СИТИ Колеџот и оваа година ги отвора вратите за најатрактивните и најкомпетитивни студиски дисциплини за новите студенти, нудејќи разновидна и квалитетна едукативна програма за додипломски и постдипломски студии во одделите Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки, Студии по англиски студии и Општествени и хуманистички науки.
Трета генерација студенти ќе имаат можност да се едуцираат според напредни научни студии, да учат од истакнат академски кадар и да стигнат до применливо образование и диплома од Универзитетот Јорк. Кон квалитетот на образовниот процес на СИТИ Колеџ придонесуваат врвните академици и предавачи со меѓународни квалификации во корпоративниот свет, кои преку теоретски и практични методи ги пренесуваат знаењата и експертските вештини. Дополнително, во прилог на квалитетот на предадените знаења и вештини, Европскиот кампус им нуди на студентите и можности за истражување како основен принцип во образовниот процес, што е уште една придобивка од образованието на оваа институција.
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е дел од заедницата на Универзитетот Јорк, водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, светски признат по својата истражувачка работа и рангиран на 139тото место во светот според Times Higher Education 2023. Европскиот кампус преку СИТИ Колеџ е лоциран во Солун, Грција, а неговата академска мрежа е воспоставена и распространета во уште 8 земји низ целиот регион со што претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи низ целиот регион. СИТИ Колеџ ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење, со што целосно го менува студентското искуство нудејќи содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот.
Уписите и рокот за поднесување апликации се веќе отворени, а повеќе информации за заинтересираните кандидати се достапни на линкот.