Galeksia трета година по ред прогласена за Platinum Partner на најголемиот Digital Marketing Institute во светот

Претходната седмица, на 15ти февруари 2023та, најголемиот Институт за Дигитален Маркетинг во светот со главни седишта во Ирска и САД, на настанот DMI Arena Awards 2023 ги прогласи своите 4 најуспешни Platinum Partners во светот.

galeksia-treta-godina-po-red-proglasena-za-platinum-partner-na-najgolemiot-digital-marketing-institute-vo-svetot-01.jpg

Првиот Институт за Дигитален Маркетинг во Македонија - Galeksia e повторно меѓу најдобрите! Трета година по ред ја добива престижната Platinum Partner награда како еден од 4-те најдобри партнери на DMI на светско ниво. Она што вреди да се напомене е дека во изборот учествуваат над 100 партнери на Digital Marketing Institutе во светот, од кои само 4 ја имаат честа и привилегијата да се стекнат со престижната Platinum Partner награда.

Постојат повеќе критериуми кои секој партнер треба да ги исполни за воопшто да биде и конкурентен за оваа титула, а меѓу главните точки кои се оценуваат се: квалитетот на наставата и начинот на одвивање на истата, експертизата, достапноста и спремноста на менторите, процентот на задоволство на учесниците од програмите, како и процентот на учесници кои успешно го положуваат испитот за светски признат сертификат.

Galeksia дефинитивно успешно чекори на патот на успехот и потврдувајќи го Platinum статусот уште повеќе ја зацврсти соработката со најреномираниот институт за дигитален маркетинг во светот!

Кога започнавме со Galeksia во 2020та, си ветивме дека ќе се фокусираме на квалитет, а не на квантитет. Постојано се трудиме да го подобриме квалитетот на наставата и искуството на учесниците на програмата. Особено ми е драго што трета година по ред соработуваме со нашите искусни и професионални ментори, кои придонесуваат за врвниот квалитет на наставата. - вели Теодора, основач и сопственик на Galeksia.

galeksia-treta-godina-po-red-proglasena-za-platinum-partner-na-najgolemiot-digital-marketing-institute-vo-svetot-03.jpg

Во овие три години постоење, може да се пофали со 300+ маркетери кои завршиле на некоја од програмите и своето стекнато знаење веќе го презентираат во дел од светските или национални компании. Квалитетот и професионалноста кои ги нуди оваа академија се веќе афирмирани вредности во светот на дигиталниот маркетинг а токму нив ги препознаваат и уважуваат многу македонски но и светски брендови кои негуваат успешни партнерски соработки со Galeksia и воедно претставуваат исклучиво битен дел во целокупниот процес на создавање идни специјалисти во оваа област. Дел од нив се: Sara Fashion, BtoBet, Божиновски часовници и накит, Pitch121, Вива Сокови, Нептун, Халк Банка, Авалон Продукција.

Galeksia овозможува едукација за 5 различни програми за дигитален маркетинг. Меѓу сите нив, до сега, најголем интерес студентите пројавуваат за програмата за Professional Diploma in Digital Marketing, бидејќи е предвидена за луѓе кои сакаат да направат кариерна трансформација, за почетници, кои од нула знаење стигнуваат до титулата дигитален маркетер за неполни 7 месеци. А програмите кои се изучуваат во Galeksia се креирани и одобрени од најуспешните светски компании и професионалци, како: Facebook, Google, LinkedIn, CocaCola, IBM, Microsoft и ред други.

Програмата за Professional Diploma in Digital Marketing опфаќа 10 различни модули кои им овозможуваат на учесниците да стекнат дигитални вештини и применливо знаење од сите најважни области во дигиталниот маркетинг и да бидат подготвени истото да го применат и во пракса, без разлика дали работат за домашен или странски пазар.

Дополнително, по завршувањето на програмата и предавањата, секој учесник полага за светски признат сертификат кој го издава најголемото сертификационо тело за online тестирање во светот – Pearson VUE.

galeksia-treta-godina-po-red-proglasena-za-platinum-partner-na-najgolemiot-digital-marketing-institute-vo-svetot-02.jpg

Меѓу дополнителните вредности по кои програмите на Galeksia се издвојуваат од останатите во нашата држава е пристапот до глобалната платформа на Digital Marketing Institute кој го добиваат сите учесници на било која програма на Galeksia. Оваа платформа брои над 220.000 активни членови од целиот свет, а студентите на Galeksia добиваат пристап до ексклузивни материјали за учење, кои вклучуваат дополнителни бесплатни курсеви, темплејти, алатки, е-книги, вебинари и подкасти, кои им овозможуваат на учесниците да го продолжат своето образование и по стекнувањето на глобално призната диплома.

Топло им препорачуваме на сите оние кои имаат аспирации за изучување дигитален маркетинг, почетници или личности кои се желни за промена во својата кариера, да не се двоумат и да се обратат до Galeksia, која, судејќи по успесите кои ги нижи, ќе им помогне и овозможи на своите студенти успешно да ги направат првите чекори во оваа област и да изградат успешна кариера во истата.

Уписите за новата група во март се веќе во тек, за повеќе информации кликнете на овој линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg