„Засекогаш во срцата“ со Камерен Оркестар на Битола по 5-ти пат
- Детали
- понеделник, 20 февруари 2023
Со гордост ви го најавуваме традиционалниот концерт на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect посветен на Тоше Проески - „Засекогаш во срцата“. Двете концертни вечери ќе се одржат на 24 (петок) и 25 (сабота) февруари во Центар за култура, Битола и ќе бидат посветени на музичките великани Тоше Проески и Пепи Бафтировски.
Покрај Камерниот Оркестар на ⋮IWConnect предводен од диригентот Владимир Димовски, на сцената ќе настапат и Бојан Маровиќ, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Бојан Стојков, Сефедин Бајрамов, Сара Гигова, Марија Митровска и Марија Цветановска.
Картите за концертот се пуштени во продажба, а можат да се купат од Центар за култура, Битола.
Концертите се во организација на Центарот за култура од Битола и како проект, веќе петта година се во годишната програма поддржани од Министерството за култура.
За повеќе информации за концертите на Камерен Оркестар на Битола, следете ги нивните профили на социјалните мрежи – Facebook, Instagram.