Болното грло и настинка кај децата се честа појава - без паника!

Вирусните и бактериските инфекции се честа состојба кај секое дете, особено во зимскиот период. Нивната појава, е најчесто поврзана со училишните, но и вонучилишните активности на децата. Консумирањето на течности, редовниот одмор, но и одредени препарати можат да помогнат во олеснување на болката во грлото.

bolnoto-grlo-i-nastinka-kaj-decata-se-chesta-pojava-bez-panika-01.jpg

Во екот на зимската сезона, болното и воспалено грло кај децата од училишна возраст е честа појава. Кај нив редовно се јавуваат болки во грлото, како резултат на контактот со други деца (соученици), училишна или домашна прашина, зголемена фреквенција во спортската сала/соблекувална, лоши хигиенско - санитарни услови и сл.

Неправилното миење на рацете, исто така е една од причините за појава на воспалено грло или бактериска инфекција. Во текот на пандемијата од КОВИД – 19, во голем дел од училиштата беа поставени насоки и упатства за правилно миење на рацетe, кои треба да се применуваат секојдневно.

ѝbolnoto-grlo-i-nastinka-kaj-decata-se-chesta-pojava-bez-panika-02.jpg

Болното грло кај децата, знае да предизвика вознемиреност и кај нивните родители/старатели. Отсуство од работното место, користење на слободни денови за грижа кон детето се дел од причините кои придонесуваат за нарушување на нашата дневна рутина и планирани активности.

Сепак, ова се нормални и очекувани состојби во растот и развојот на децата, па затоа нема потреба од паника и создавање дополнителен притисок.

Вирусните инфекции можат да се надминат со одмор и неколкудневно отсуство од училиште (со цел да се заштитат другите деца и наставниот кадар). За овој период, потребно е децата да консумираат поголема количина на течности и витамини. Иако, поради болка во грлото тие можат да се противат на внесувањето на природни сокови, чаеви и вода, течностите се важни за да се спречи дехидрирање на организмот.

bolnoto-grlo-i-nastinka-kaj-decata-se-chesta-pojava-bez-panika-03.jpg

Болното грло понекогаш е проследено и со носен исцедок, затнат нос или пак покачена телесна температура. При ваквата состојба пожелно е да се користат препарати за ублажување на кашлицата, намалување на секретот во носот, како и лекови за намалување на телесната температура.

Пастилите за болно грло, значително помагаат при справување со болката, а истите се препорачуваат и за деца над 6 годишна возраст. Тие не содржат шеќер, едноставни се за употреба и се дозираат три до четири пати на ден.

Дознајте повеќе: septoletetotal.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg