Халкбанк повторно прв избор за новорегистрираните компании
- Детали
- петок, 17 февруари 2023
Од вкупно од 8 665 новоотворени компании во 2022 година (до 16 јануари, кога се ажурирани податоците), дури 1 959 за своја матична банка ја избрале Халкбанк АД Скопје.
Ова го покажуваат податоците од од платформата БизнисМрежа.мк за тоа во кои банки новоотворените компании ланската година имаат отворено сметки, а кои ги објави порталот Pari.com.mk. Односно, и лани, исто како и претходната година, речиси секоја четврта фирма ја избрала Халкбанк за своја матична банка. Халкбанк и во 2021 година беше прв избор на најголем број новорегистирани фирми. Од 8 662 нови правни субјективо регистрирани таа година, клиенти на Халкбанк станале 1 976 компании.
Причина за ова секако се производите, услугата и условите што новите компании очекуваат да ги добијат од Банката, како и можноста за континуирана финансиска поддршка и експертиза. Микро, малите и средните препријатија се исклучително важни за Халкбанк и ним им посветува посебно внимание бидејќи им е потребен долгорочен партнер од кој ќе добијат финансиска, но и советодавна поддршка за постигнување раст. За оваа категорија клиенти се креирани и производи преку кои се поддржуваат нивни тековни потреби за основни средства и обртен капитал.