IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Иновативниот електричен уред IQOS за загревање на тутунот, кој претставува помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, ќе може да се најде на новата привремена локација на IQOS караванот, моментно поставен на главното шеталиште во Струмица, под плоштадот Гоце Делчев. Караванот ќе биде на оваа локација до 5 март, со што го опфаќа и одржувањето на Струмичкиот карневал.

iqos-karavanot-kje-ja-poseti-strumica-za-vreme-na-strumichkiot-karneval-01.jpg

Освен во Струмица, овој уред е достапен и во продажните партнери во повеќе други градови во земјата. Во главниот град Скопје има вкупно пет IQOS зони и тоа во трговските центри Ист Гејт Мол, Скопје Сити Мол, Капитол Мол, Рамстор Мол и мобилната зона која се наоѓа во Веро Тафталиџе. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку IQOS веб-страницата.

Уредот е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 10.5 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 73 пазари во светот и вкупно го користат 21,2 милиони луѓе, кои целосно се откажале од пушењето и направиле промена кон подобра алтернатива. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg