11-ти саем за венчавки во март 2023: „Wedding Expo 2023 Skopje“

Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10-12 март во Х. Александар Палас ќе понуди богата програма во сите три дена, а е во организација на магазинот vobelo.mk.

11-ti-saem-za-venchavki-vo-mart-2023-wedding-expo-2023-skopje-01.jpg

Отворањето на саемот е предвидено за 10март од 17ч. за посетители, а во 20 ч ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава.

Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ. Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести. На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден. 

Секако најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2. Секако убавината на саемот не се само иновациите, но и големите попусти кои ќе ги добиете.

11-ti-saem-za-venchavki-vo-mart-2023-wedding-expo-2023-skopje-02.jpg

Саемот ќе се одржи во Александар Палас во месец март (10 до 12)

Работно време за посетители

  • Петок 10ти, од 17ч до 22ч
  • Сабота од 10 до 21ч
  • Недела од 10 до 20ч

Влезници се купуваат на билетарата во Х. Александар Палас и он лајн на платформата купикартизасе.

Програмата на саемот ќе се состои од модни ревии, музички настапи и промоции.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg