Планина, свеж воздух и растечен нос? Има решение

Промената на клима или надморска височина честопати се причина за затнат и растечен нос. Во таков случај, како брзо и ефикасно решение користиме капки или спрејови, за да го олесниме дишењето. Но, важно е истите да делуваат брзо, но и да имаат заштитна улога за носната слузница.

planina-svezh-vozduh-i-rastechen-nos-ima-reshenie-01.jpg

Во период сме на зимски одмори и продолжени викенди. Дел од луѓето, сакајќи да го избегнат градскиот смог, се одлучуваат да одат на планина или на скијање за да престојуваат на чист и свеж воздух. „Бегството“ од урбаниот хаос секогаш е убава можност да го поминеме времето со нашите најблиски. Но, за жал во одредени ситуации промената на клима и надморска височина може да придонесе за зголемување на симптомите на затнат или растечен нос.

planina-svezh-vozduh-i-rastechen-nos-ima-reshenie-02.jpg

Ваквиот проблем честопати се одлучуваме да го надминеме со инхалации подготвени во домашни услови или преку терапија со етерични масла, што може значително да помогне во одзатнување на носот и отстранување на секретот. Честата консумација на течности (вода, природни чаеви и цедени сокови) исто така влијае во разложување и исфрлање на исцедокот кој е насобран во носот.

Покрај надморската височина која ги влошува симптомите на затнат или растечен нос, дополнителна причина е и актуелната сезона на настинки и грипови. Затнатиот нос е еден од главните симптоми кај сите возрасни групи на граѓани, а оваа состојба нѐ прави нервозни бидејќи го нарушува непреченото дишење. Исто така придонесува и за појава на несоница и немирен сон, кој пак ни е особено важен за секојдневното функционирање, но и за одржување на силен имунолошки систем.

planina-svezh-vozduh-i-rastechen-nos-ima-reshenie-03.jpg

Сакајќи да се справиме со затнатиот/растечен нос користиме различни видови на капки или спрејови. Луѓето бараат брзи и едноставни решенија и не секогаш водат сметка за составот на производите. Голем дел од овие производи делуваат брзо, но во исто време ја сушат и оштетуваат носната слузница, што доведува до неколкудневно печење на носот.

planina-svezh-vozduh-i-rastechen-nos-ima-reshenie-04.jpg

Затоа при изборот на третман треба да користиме производи кои го одзатнуваат носот, но истовремено и ја заздравуваат оштетената носна слузница. Нашиот препарат во себе содржи единствена формула на деконгестив и декспантенол, што ја лекува и негува носната слузница.

Повеќе информации за брзо и ефикасно третирање на затнат или растечен нос, но и за заштита на носната слузница можете да најдете на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg