Кукутанов природни вина со богат вкус за комплетно уживање!

Доколку сте од оние кои преферираат квалитетно вино и сакаат да уживаат во секоја негова голтка, тогаш треба да ги пробате вината Кукутанов.

kukutanov-prirodni-vina-so-bogat-vkus-za-kompletno-uzhivanje-01.jpg

Ги карактеризира природен, раскошен вкус, мек и топол, збогатен со зрела цреша и црна слива, со долг финиш на чоколадо. Црвеното вино Мерлот од винарија Кукутанов е вистинско откритие за љубителите на виното. Доаѓа од природниот и чист радовишки крај од квалитетно грозје произведено на традиционален начин со помош на најновите технологии. Одлични критики за овие вина стигнаа од Винска Визија во Белград, а на скопската Винодонија 2022 беа пријатно изненадување.

kukutanov-prirodni-vina-so-bogat-vkus-za-kompletno-uzhivanje-02.jpg

„Тајната е во климатските услови во Радовишката котлина кои се идеални за производство на хармонични вина поради изобилството на сончеви денови и постудените ноќи во периодот на зреење на грозјето. Потоа во целокупниот производствен процес во винаријата, од приемот, преку примарната преработка, ферментацијата, до негата и зреењето. Во користењето исклучиво бочви направени од македонски даб (благун), избран од Готен планина. Од нашето вино не боли глава, можеш да испиеш повеќе и да уживаш со сите сетила", вели сопственикот на оваа винарија г. Ѓорѓи Кукутанов.

kukutanov-prirodni-vina-so-bogat-vkus-za-kompletno-uzhivanje-03.jpg

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винаријата Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која веќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатото Шардоне, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж'та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто.

Вина Кукутанов-треба да се проба!

kukutanov-prirodni-vina-so-bogat-vkus-za-kompletno-uzhivanje-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg