Како правилно да се намалат килограмите: Зошто велиме дека диетите не функционираат?

Намалувањето на телесната тежина не е воопшто лесно, уште потешко е тоа да се направи на здрав и правилен начин, а токму на таа тема прочитајте ги советите од нутриционистката Симона Коруновска во соработка со dm

kako-pravilno-da-se-namalat-kilogramite-zoshto-velime-deka-dietite-ne-funkcioniraat-fb.jpg

kako-pravilno-da-se-namalat-kilogramite-zoshto-velime-deka-dietite-ne-funkcioniraat-01.jpg

За повеќето работи во животот, прв чекор до успехот е да се донесе одлука дека нешто сакаме да направиме. Многумина би рекле, кога ќе ја поминеме точката на одлучување, половина од нашата работа е завршена. Самото носење одлука дека е време за промена може да направи да чувствуваме дека промената почнува да се остварува. А кога станува збор за вишокот килограми, клучен чекор е внесувањето значителни промени во начинот на исхрана. Како да го направиме тоа?

Најпрво, секогаш треба да внимаваме каков е составот на храната што ја консумираме. Тоа значи внимателно избрани масти кои се незаситени, односно здрави; потоа голем дел од секој оброк да заземаат свежото овошје и зеленчукот; внесување доволно протеин во форма на јајца, месо, риба, наут, леќа, јогурт, грав и слично; замена на рафинираните јаглехидрати со леб и тестенини направени од интегрално брашно, како и житарки од цело зрно и снегулки. Причината е едноставна – интегралните житарки изобилуваат со растителни влакна кои ни помагаат подолго време да се чувствуваме сити. Многу важно е и да пиеме доволно вода. Чувството на жед телото некогаш може да го препознае како глад и, дури и да не сме гладни, туку жедни, може да се случи да седнеме и повторно да јадеме.

Во сето ова најважно е да бидеме доследни во одлуките, но тоа не значи и целосна забрана за одредена храна. Сосема е разбирливо и посакувано повремено да изедеме и парче торта или пица и притоа да не чувствуваме грижа на совест.

Набројуваме неколку производи од dm за да се инспирирате да подготвите оброк кој ќе направи да се чувствувате сити и исполнети: интегрални житарки, леќа, макарони од леќа, наут, макарони од наут, тофу, цејлонски цимет, вегански колбаси, киноа, снегулки, маслиново масло, путери од јатки, јатки, протеински микс на семиња и интегрален леб.

Уште повеќе корисни и интересни совети на оваа тема погледнете во видеото: Како правилно да се намалат килограмите? - YouTube

На сите ни е јасно дека во ова „дигитално време“, кога секој може да напише и објави што и да посака, преовладуваат безброј штетни трендови и совети за слабеење. Голем дел од тие диети не функционираат бидејќи не содржат доволно нутриенти потребни за организмот, а дел од нив имаат „јојо-ефект“, односно по завршувањето на диетата ја враќаат истата телесна тежина. Притоа ваквиот тип диети може да ве натераат да јадете храна што не ви е омилена, а со самото тоа и одвај да чекате целиот тој процес да заврши.

Симона посочува дел од најлошите совети за исхрана и диети кои треба да ги избегнувате:

- Не треба да се јадат јаглехидрати.

- Овошјето има премногу шеќер и треба да се избегнува.

- Оброкот да се замени со кафе.

- Џвакај мастика кога си гладен.

- Не вечерај.

Сакате да дознаете повеќе за штетните трендови за слабеење? Погледнете го видеото: Штетни трендови за слабеење: Зошто диетите не функционираат? - YouTube

Тоа се само дел од советите кои, иако изгледаат добро, можат секого да го однесат во сосема спротивна насока од зацртаната цел. Всушност, крајната цел на здравата исхарана е да изградите здрава врска со храната, а на неа да гледате како на гориво за вашето тело.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg