Sony Cinema Line Master Class во Скопје

На овогодинешниот Sony Cinema Line Master Class 2023 беа презентирани перформансите на Sony FX6, FX3, FX30 како и комплетната гама на Sony G Master објективите. Настанот се состоеше од два дела; теоретски и практичен дел каде присуствуваа македонски кинематографи, продуценти и режисери од продуцентските куќи, а предавач беше еден од врвните кинематографи од Бугарија, господин Христо Лазаров од Анаморф Студио.

sony-cinema-line-master-class-vo-skopje-01.jpg

Целосниот потенцијал на моделите на Sony FX6, FX3 и FX30 беше презентиран на практичниот дел од предавањето, а присутните можеа да уживаат во снимањето на прекрасна визуелна содржина создадена со леснотија и прецизност. Исклучителната резолуција и напредната оптика на леќите Sony G Master се главниот фактор за креирање на остри снимки без аберација, а нивниот брз и прецизен автофокус го прави снимањето на совршениот кадар премногу лесен. Дури и во најпредизвикувачките услови, високопрецизните механички компоненти и одличната стабилизација на сликата на леќите Sony G Master обезбедуваат перфектно јасни кадри.

sony-cinema-line-master-class-vo-skopje-02.jpg

Cinema Line Master Class има за цел да им покаже на професионалците како на едноставен начин да раководат со високо квалитетна опрема која ќе им овозможи совршени снимки. Sony и понатаму ќе продолжи да ја поместува границата во технологијата и на своите клиенти да им овозможи врвни производи кои снимањето ќе го претворат во вистинско уживање и за оној позади, но и за оној пред камерата.

sony-cinema-line-master-class-vo-skopje-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg