Зошто јогуртот Баланс+ е корисен за постигнување баланс во целиот организам?

Сите сакаме да уживаме во храната, но кај некои уживањето во различни вкусови е проследено со абдоминални болки после јадење што создава голема непријатност. Некогаш болките и подуеноста се поврзуваат со нетолерантност на некоја храна, прејадување, нарушен баланс но во ретки случаи може да значат и почеток на некакви проблеми во дигестивниот систем.

zoshto-jogurtot-balans-e-korisen-za-postignuvanje-balans-vo-celiot-organizam-01.jpg

Ако станува збор само за подуеност, грчеви, лошо варење, тегоби, решението е на дофат и може да се регулира само со мала промена во дневната рутина во исхраната. Доволно е во исхраната да го вклучите функционалниот јогурт Баланс+ којшто е посебно препорачлив за регулирање на работата на дигестивниот тракт.

Влијанието на Баланс+ врз дигестивните и метаболичките процеси во организмот потекнува од неговиот состав, двете најкорисни пробиотски култури – Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium и пребиотикот олигофруктоза. Пробиотиците освен за одржување на цревната микрофлора и снабдување со добри бактерии, докажано се корисни и за надуеноста и лошото варење поради внесување зачинета и тешка храна. Додека пак пребиотикот олигофруктоза присутен во Баланс+, е храна за пробиотиците и придонесува за зголемување на нивниот број.

Регулирање и балансирање на работата на дигестивниот систем може да се постигне со минимум 10 дена редовно консумирање по 500 грама Баланс+. Ова е потврдено и со клиничка студија со што Баланс+ е единствениот пробиотски производ во млечната индустрија чие дејство врз организмот е докажано со следење на ефектите и симптомите кај голема група консументи од страна на медицински лица.

Всушност Баланс+ јогуртот има цела низа здравствени придобивки, а тоа го кажува и студијата и искуството на учесниците, поради што е многу повеќе од само додаток за здрав појадок туку е и услов за воспоставување баланс во целиот организам.

Повеќе информации за клиничката студија можете да прочитате на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg