Прима повторно изненадува со новоотворениот салон во Ѓорче Петров

Најголемиот произведувач на мебел во регионот, хрватската Прима, го отвори својот нов салон во Ѓорче Петров, со кој го зголеми бројот на салони во малопродажната мрежа во Македонија.

prima-povtorno-iznenaduva-so-novootvoreniot-salon-vo-gjorche-petrov-01.jpg

Во нејзиното досегашно долгогодишно работење, Прима е позната по нејзината континуирана промена и растеж кога од мала работилница станува фирма со преку 2000 вработени. Според зборовите на нејзините менаџери, Прима денес е најголем и највлијателен производител на мебел во балканските земји, но и пошироко.

Промените кон кои таа постојано цели, се гледаат и во нејзиното скорешно ребрендирање на изгледот на сите салони и понудата на нов дизајниран мебел инспириран од најновите светски трендови кои ја обликуваат современата култура на домување.

Со отворањето на новиот салон во Скопје, поточно во населбата во Ѓорче Петров, Прима ги поместува границите и во центарот на своето внимание ги става помладите генерации нудејќи модерно дизајниран мебел кој може да се прилагоди на секоја желба и идеја.

Отворањето на новиот салон е потег, кој според водечките лица во оваа фирма, Прима ја потврдува главната порака и вредности: да биде постојано модерна и секогаш во тренд, да ја покаже својата достапност преку понудата на новите дизајнерски решенија и тоа по поволна цена и најважно од сѐ да го одржува високиот квалитет на мебелот кој е 100 % хрватско производство, нудејќи им притоа на своите купувачи решенија прилагодени на нивните потреби и желби.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg