Ексклузивно претставување на еден од единаесетте часовници од колекцијата Moon Swatch
- Детали
- вторник, 24 јануари 2023
Идентичната страст кон музиката, врвниот звук, уникатноста и префинетите детали се основа на едно новосоздадено пријателство кое премина во искрено партнерство меѓу Божиновски часовници и накит (Bozinovski watches & jewelry) и Аудиокултура кое стана инспирација за надградување на концептот „Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура со различни изненадувања за посетителите.
Овој петок, само за посетителите на настапот на Марија Каева, беше организирано ексклузивното претставување на еден од единаесетте часовници од колекцијата Moon Swatch кој претставува хибрид меѓу Swatch и познатата Omega.
Еден од посетителите на последниот настан „Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура е веќе сопственик на Moon Swatch „Mission to Sun”.
Фото: Татјана Ранташа