Како да ги совладате лошите навики?
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2023
Многу често во текот на денот правиме голем број работи, кои иако навидум изгледаат ситни или пак бидејќи веќе се навика, не ги забележуваме, не им придаваме значење, а истите ни предизвикуваат несакани последици.
Брзото и бурно секојдневие исполнето со голем број обврски понекогаш знае да нѐ направи „роб“ на секојдневната рутина и не ни дозволува да обрнеме внимание на некои ситници, но нашето тело секогаш ја кажува вистината. Просечно време потребно да се формира навика е 18 дена, па имајте го ова на ум следниот пат кога ќе сакате од нешто да се откажете, за неполни три недели можете многу да промените.
Одложување на обврските - Тоа што може да се заврши денеска, не оставај го за утре. Дали поради намерно избегнување на задача која не ни предизвикува особено задоволство или пак од мрзеливост и недостаток на моментна желба, одложувањето на обврските на крајот ни причинува стрес и создава хаос кој ги пореметува останатите обврски. Посветете се на задачата и фокусирајте се на нејзино завршување, а не на избегнување. Запишете ги задачите што треба да ги завршите и наведете време за нивно извршување, а препорачливо е најтешката задача (или онаа која најмалку сакате) да ја завршите прва. Ако завршите на време, наградете се!
Предолго седење пред екранот - Факт е дека практично е невозможно да се избегнат екраните. Најголем дел од работата со сигурност вклучува речиси цел ден да го поминете пред компјутер, потоа тука се и паметните телефони со социјалните мрежи и на крај телевизијата за сето тоа да предизвика прекумерна употреба и изложеност сината светлина од екраните. Ова, заедно со пасивниот начин на живот придонесува за зголемување на ризикот по здравјето. Како ова да го промените? Ограничете го времето што можете да контролирате - секако не треба да дадете отказ од работа, но размислете колку време поминато пред екраните е доброволно. Пронајдете активност што не вклучува екран и ве придвижува. Уживајте на отворено, во природата и сите нејзини мириси и бои. И на крај, не заборавајте да користите заштитни очила за сина светлина додека гледате во дисплејот.
Брза храна и лоша грижа за здравјето - Динамичното секојдневие исполнето со обврски најчесто не оди во прилог на внимавање на исхраната и редовното вежбање, па знае дури и да предизвика запоставување на грижата за сопственото здравје, што подразбира редовни лекарски прегледи. Наглото и екстремно менување на начинот на живот предизвикува огромен стрес на телото и психата, па така и шансите да трае кратко и да се откажете од промената се големи. Почнете полека, но бидете упорни. Посветете време на пронаоѓање тип физичка активност која ви причинува задоволство и режим на исхрана кој предизвикува добро чувство и долготрајна ситост. Здравата храна не може да биде долгорочно присутна во вашето секојдневие без да биде вкусна. Слушајте го телото во секое време и прилагодите се соодветно. Фокусирајте се на мали цели на почетокот и пронајдете цврста и долготрајна мотивација која ќе ве води низ процесот. Составете неделно мени и одредете еден ден во кој ќе подготвите најголем дел од оброците, кои потоа е препорачливо да ги организирате во ладилникот за сѐ да биде при рака. И секако, не одложувајте ги редовните контроли! Лекарскиот преглед не е страшен, но нивното избегнување може да биде. Редовните лекарски прегледи и контроли спасуваат живот.
Пушењето цигари - Само уште оваа цигара и потоа се откажувам. Пушењето не е само уште една навика, туку претставува зависност. Поради ова, како и поради екстремните реакции на организмот во процесот на одвикнување, откажувањето од цигари е навистина исклучително тешко, а тоа ќе го потврди и секој пушач. Цигарите, како што сите знаеме, предизвикуваат голем број на болести и се штетни за организмот на пушачите, но и оние кои се во непосредна близина, преку т.н. пасивно пушење.
Спротивно на широко прифатените верувања дека никотинот, кој е присутен во тутунот од цигарата, го предизвикува болестите поврзани со пушењето, научните докази велат дека тоа не е така. Главните штетни и потенцијално штетни материи кои ги внесуваат пушачите и, индиректно, пасивните пушачи се всушност во чадот од цигарата кога таа ќе се запали. Најдоброто нешто што пушачот може да го направи е да пронајде вистинска мотивација за да се откаже од пушењето, но тоа е лесно да се каже, ама тешко да се оствари.
Промената на подобри алтернативи и замената на докажано најштетниот начин за задоволување на потребата за никотин, цигарите, може да биде вистинскиот чекор за иднина без чад од цигари. IQOS уредите, наменети за возрасните пушачи и кои претставуваат научно докажана подобра алтернатива од цигарите, иако не се без ризик, поради елиминирањето на процесот на согорување и заменување на истиот со загревање на тутунот, значително ја намалуваат изложеноста на штетни и потенцијално штетни материи и на пушачот и на оние во непосредна близина. Доколку не можете да се откажете, изберете подобра алтернатива.