Како можам да ја подобрам еластичноста на кожата, да ги намалам возрасните дамки и да ги пополнам длабоките брчки?

Нашата кожа е исто толку индивидуална колку што сме и самите ние. Таа старее различно, во зависност од генетската предиспозиција и начинот на живот. За повеќето од нас, стареењето на кожата почнува да се забележува околу 30-тата година од животот. Најпрво се појавуваат фини линии, а потоа и брчки. Со текот на времето, се забележува губење на волуменот и намалување на еластичноста. Затегнатиот и блескав изглед на кожата постепено исчезнува, а брчките стануваат подлабоки.

kako-mozham-da-ja-podobram-elastichnosta-na-kozhata-da-gi-namalam-vozrasnite-damki-i-da-gi-popolnam-dlabokite-brchki-01.jpg

Стареењето на кожата е природен процес, во голема мера предизвикан од фактори кои се надвор од наша контрола, на пример нашата генетска предиспозиција. Сепак, има и многу надворешни фактори на коишто можеме позитивно да влијаеме. Изборот на начин на живот (како што е количината на сончева светлина на која ја изложуваме нашата кожа и начинот на исхрана) може да го забрза процесот на стареење и да предизвика предвремено стареење на кожата. Носењето паметни одлуки и обезбедување на потребната заштита на кожата може да помогне таа да го задржи младиот изглед подолго време. Која е причината за загуба на еластичноста и сјајот на кожата?

Кожата се менува со текот на годините: прво се појавуваат фини линии и брчки коишто стануваат подлабоки со текот на времето, кожата постепено ги губи тонусот и сјајот, а подоцна постепено се намалува и нејзината еластичност. Загубата на еластичност во комбинација со појавата на длабоки брчки е основен проблем на жените со зрела кожа.

Загуба на тонус и длабоки брчки

Дермалниот слој е силен кај младата кожа и има изобилство од колаген и еластин. Тие заедно помагаат за да се одржи кожата цврста и мазна. Со напредување на возраста нивоата на колаген и еластин се намалуваат (колагенот со 1% годишно). Тоа ја нарушува градбата на дермалниот слој и предизвикува ослабување на кожата. Ја чувствуваме помалку цврста, а брчките стануваат подлабоки.

Друг клучен фактор којшто допринесува за загубата на цврстината и образувањето на длабоки брчки е намаленото производство на хијалуронска киселина. Природно произведена од младата кожа, таа ги опкружува клетките и им помага да се хидрираат. Со напредување на возраста кожата станува посува и постепено ги губи тонусот и еластичноста.

Загуба на сjaj

Микроциркулациjaта вo дермалните слоеви се намалува со напредувањето на возраста, со тоа се намалува и доставата на хранливи состојки и кислород кон површината на кожата, што води до намалување на сјајниот изглед на кожата.

Возрасни дамки

Што претставуваат и кои се можните причини за појава на возрасни дамки?

Изразите „возрасни дамки“, „старечки дамки” и „сончеви дамки” се однесуваат на една иста промена на кожата. Тие претставуваат честа варијација на хиперпигментации и се јавуваат во форма на мали, рамни и темни зони на кожата. Обично се светлокафени до црни по боја. Најчесто се среќаваат кај луѓе над 40-годишна возраст (од таму доаѓа и името), но можат да се појават и порано.

Возрасните дамки на лицето или на рацете се појавуваат при зголемено производство на меланин. Тоа е природниот пигмент којшто ја дава бојата на нашата кожа. Меланинот дејствува како природна заштита на кожата од штетните UV зраци, па затоа многу луѓе поцрнуваат на сонце.

Прекумерното изложување на сонце го зголемува количеството на меланин произведено во кожата. Како што кажува алтернативното име „сончеви дамки”, тие темни дамки најчесто се предизвикани од прекумерно изложување на сонце. Затоа најчесто зборуваме за старечки дамки на рацете, лицето, вратот, деколтето, рамената и подлактиците. Тоа се всушност деловите од телото коишто најчесто се изложени на сонце.

kako-mozham-da-ja-podobram-elastichnosta-na-kozhata-da-gi-namalam-vozrasnite-damki-i-da-gi-popolnam-dlabokite-brchki-02.jpg

Како можам да спречам да се појават старечките дамки?

Заштитата од сонце е најзначајната работа што може да ја направите за да го спречите образувањето на старечките дамки. Општо кажано, во фазата на превенција не можеме да зборуваме за специјализиран крем против старечки дамки. Можете да користите крем за заштита од сонце.

Важно е да запомните дека сончевите зраци делуваат на кожата дури и при облачно време, па затоа е важно да ја обезбедите секојдневната потребна заштита на кожата од сонце.

Како можам да ги подобрам тонусот, еластичноста и сјајот на мојата кожа?

Накратко, како резултат на стареењето, кожата произведува помалку хијалуронска киселина и колаген и ги исцрпува резервите на еластин. Структурата ѝ се менува – се образуваат длабоки брчки и кожата започнува да се отпушта. Со возраста крвните садови исто ја губат својата ефективност и се намалува снабдувањето на кожата со кислород и хранливи материи – како резултат на што кожата изгледа „уморна“ и помалку сјајна.

Активните состојки во производите од линијата Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity делуваат заеднички и така ги подобруваат различните знаци на стареење. Формулата на дневните креми и ноќниот крем ја содржат иновативната комбинација на Eucerin од хијалуронска киселина со висока и ниска молекуларна тежина за подобра ефикасност, којашто видно ги пополнува дури и длабоките брчки. Хијалуронската киселина со висока молекуларна тежина делува така што ја подобрува хидратацијата во најповршинскиот слој на епидермисот (каде што се образуваат фините линии и брчки), додека хијалуронската киселина со ниска молекуларна тежина, чиишто делови се 40 пати помали1, навлегува подлабоко во епидермалните слоеви, за да го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина на кожата таму, каде што се образуваат подлабоките брчки.

kako-mozham-da-ja-podobram-elastichnosta-na-kozhata-da-gi-namalam-vozrasnite-damki-i-da-gi-popolnam-dlabokite-brchki-03.jpg

Формулата вклучува исто уникатна, иновативна и активна комбинација од арктиин (го забрзува процесот на обновување на колагенот во кожните клетки) и креатин (додава енергија за подобро производство на колаген и зголемена еластичност на кожата). Состојката Thiamidol, која исто е вклучена во формулата, помага за намалување на старечките дамки и спречување на нивно повторно појавување.

Ноќниот крем е збогатен со декспантенол и арганово масло, за да ја помoгне регенерацијата на кожата во текот на ноќта.

За видно помлада, помазна и сјајна кожа.

1 Во споредба со хијалуронската киселина со висока молекуларна тежина, која исто се користи во формулата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg