Светски ден на детето во хотел Мериот
- Детали
- четврток, 17 ноември 2022
Ајде заедно да го прославиме Светскиот ден на детето – еднаквост и инклузија за секое дете и да ги поддржиме малите бизниси вклучувајќи ги семејствата со деца и лица со посебни потреби!
По повод Светскиот ден на детето – еднаквост и вклученост за секое дете, здружението „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre има чест да ве покани на „ DMWC Инклузивен базар за уметност и занаети “ кој ќе се одржи во сабота, 19 ноември 2022 година, од 11:00 до 18:00 часот во Скопје Мериот Хотел, 2 кат.
Почесниот претседател на настано е Н.Е.г-дин Хенрик Маркуш, Амбасадор на Р.Словачка во Р.С.Македонија. Проектот е подржан од град Скопје.
Покрај редовните учесници, годинава на настанот учество ќе земат и граѓанските организации на родители со деца со посебни потреби и други организации кои работат со лица со посебни потреби. Намерата на овој промотивен настан е да изгради односи со заедниците кои им помагаат на поединците со различни способности да ги промовираат своите способности за самовработување преку продажба на нивните занаетчиски производи.
По повод Светскиот ден на детето, 2022 година УНИЦЕФ ги повикува партнерите и поддржувачите да споделат позитивна порака за еднаквост и инклузија за секое дете.
На 20 ноември - Денот на детето, децата ќе се залагаат за порамноправен и инклузивен свет.