Скопје ја доби првата училница на отворено достапна за сите
- Детали
- четврток, 27 октомври 2022
На креативен и непосреден начин, децата учеа за екологијата, природата, грижата за животните, но и за финансиската писменост и за важноста на штедењето на сите ресурси на Земјата.
Скопје 27 октомври - Халки креативната училница е новото шаренолико, раскошно и многу забавно катче во непосредна близина на главниот влез на Зоолошката градина. Ова е прва и единствена училница од ваков тип кај нас.
Официјалното отворање на училницата помина во прекрасна и весела атмосфера. Учениците од неколку основни училишта предводени од ЗОО едукатор беа на прошетка на која се запознаа со подготовките на животните и нивните живеалишта за зимата, по што следуваше ликовна работилница на тема „Природата како вечна инспирација“. Во сите активности се приклучија и многу случајни минувачи, привлечени токму од енергијата и веселоста на Халки и неговиот тим:
- Местото е полнo со креативни содржини, сцена и многу точки за едукација, забава и дружење, што всушност е и нашата главна заложба: да вложуваме во децата, да вложуваме во нивната иднина. Тоа го потенцираме и сега, во октомври - месецот на штедењето, преку оваа креативна училница која е дел од нашата платформа за Детско штедење и нејзиниот препознатлив симбол, слончето Халки. Отворањето на мултифункционалниот простор е во пресрет на 31 Октомври - Светскиот ден на штедењето, подвлече Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.
На креативен и непосреден начин, децата учеа за екологијата, природата и грижата за животните. Низ разговор со претставници од банката тие учеа и за финансиската писменост, детското штедење, како и за важноста на штедењето на сите ресурси на Земјата. Дел од наученото го претворија во прекрасни творби, кои, како и цртежите од ликовната работилница ѝ беа донирани на Зоолошката градина.
Во координација со надлежните на ЗОО, креативната училница ќе биде отворена во текот на целата година и достапна за сите кои сакаат да ја користат.
Предавањата и дружењето траеја до доцна попладнето. Низ креативната училница Халки поминаа повеќе од 250 деца, кои заминаа задоволно, понесувајќи со себе цртежи, нови научени работи и многу подароци.