10 најчести грешки при уредување и како да ги одбегнете

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-01.jpg

Купуваме прво растенија - после правиме план

Полетни орни го уредуваме својот двор или деловен објект. Земјата е раскопана аргатите се тука треба брзо да се делува. Од најблиското продажно место, тезга или улица бираме садници на око, без претходно да се консултираме со стручни лица како да препознаеме квалитетен расад, без претходно да имаме план за садење и избор на видови?

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-02.jpg

Мала е садницата - мала ќе расте

Растенијата сме ги набавиле малечки (сосема во ред). Но не ги познаваме нивните карактеристики. Ги садиме небаре редиме цигли едно до друго или расфрлено без концепт. Повеќето од нив се прифатиле пораснале големи, прераснати едно во друго и се сушат?

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-03.jpg

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-04.jpg

Несоодветни растенија - на несоодветни места

Имаме големи постојни дрвја, сенка и голема коренова конкуренција, просторот под нив сакаме да го анимираме. Одбираме растенија кои ни се допаднале најмногу, а се најмалку соодветни за позицијата? Или имаме отворена сончева позиција а садиме растенија за сенка?! Во тесен простор садиме мало растение кое расте големо?

Иако се консултираме, `го слушаме само тоа што сакаме да чуеме`!?

Преценети можности

Озеленуваме двор или жардиниери. Нередовно го посетуваме местото, нема кој да полева, не изработуваме систем за полевање?

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-06.jpg

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-05.jpg

Лоша почва и нема вода

Викенд куќа, почвата е глина -лапорец, вода кога има кога нема. Не бараме соодветно решение. Туку комшиските дрвја ни се допаѓаат и исти такви бараме, иако соседот претходно ја сменил почвата ископал бунар и редовно полева?

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-08.jpg

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-07.jpg

Многу често полеваме

Растенијата ни се посадени во саксии. Саксиите имаат како да немаат дупки. Растенијата ни венат а ние упорно полеваме се додека не ги удавиме потполно?

Жал ми беше да го кројам

Ни поклониле грмушка или `борче`, со љубов посадено, прописно одгледувано многу убаво расте. Од година во година станува се побујно се поголемо. Жал ни е, не го кроиме. Конечно одлучуваме, мора да се крои. Гранките се сечат на половина, остануваат голи гранки кои ги изгубиле внатрешните листови заради големата сенка. Очајно чекаме повторно да зазелени?

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-11.jpg

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-132.jpg

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-12.jpg

Не го сакам збира мравки

Колонија од мравки во крошната на едно растение, е сигурен знак дека растението е нападното од вошки. Изметот од вошките е вкусна храна за мравките. Уништете ги вошките,растението ќе ви биде благодарно и мравките ќe си заминат.

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-14.jpg

Не го сакам капе смола

Сме одгледале дрво од десетици метри, непроценлива ладовина во лето. Ама капе `смола` не се остава кола под него? Дрвото е нападнато од вошки, нивниот измет е леплив `медена роса` капе од крошната и го предизвикува проблемот. Испрскајте го дрвото барем 2 пати со моторна пумпа со системичен инсектицид. Проблемот ќе изчезне, ладовината ќе остане!

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-15.jpg

Порасна големо - ќе го сечам

Големите ,возрасни дрвја се благо од непроценлива вредност, бидејќи и да можеме исти такви нема кај да купиме ! Затоа пред да ги сечеме, треба добро да процениме дали постои можност само да ги скратиме во крошните? Дали постои можност да ги сочуваме ? Да не биде од готово – вересија?!

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-16.jpg

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-17.jpg

malite-tajni-na-golemite-majstori-10-najchesti-greshki-pri-ureduvanje-i-kako-da-gi-odbegnete-18.jpg

За отворени прашања врзани за Вашите растенија, за подетални одговори. Консултирајте се во Градинарскиот центар Фоја.

foja.com.mk / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / 02 2772 046 / 078 225 897

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg