Интервју со Петар Јевтиќ, регионален партнер за клиенти за Meta во Httpool: „Апликациите на Мета се најкористените социјални и комуникациски апликации во целиот балкански регион!“

СКОПЈЕ, 27.10.2022: Помалку од две недели не делат од 5. Јубилејно издание на Годишната конференција за е-трговија, која оваа година за првпат добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 професионалци од областа од целиот регион. Во досега најбогатата програма на конференцијата своето искуство ќе го пренесат бројни експерти меѓу кои и претставници на гигантите Тик-Ток, Гугл, Пејонир и многу други.

intervju-so-petar-jevtikj-regionalen-partner-za-klienti-za-meta-vo-httpool-aplikaciite-na-meta-se-najkoristenite-socijalni-i-komunikaciski-aplikacii-vo-celiot-balkanski-region-01.jpg

Една од главните презентации ќе ја одржи Петар Јевтиќ кој е регионален партнер за клиенти за Meta во Httpool , кој уште од 1998 година работи во областа на дигиталните реклами и оттогаш тој има стекнато и споделено искуства во сите аспекти на маркетингот, од продукција на видео/филм, медиумско планирање и купување до моменталната позиција на регионален партнер за клиенти за Meta во Httpool и овластен партнер за продажба на Меta на неколку континенти. Неговата експертиза е рекламна стратегија на платформите на Meta, со која Петар им помага на најголемите регионални огласувачи од различни индустрии, вклучувајќи e-commerce, игри и CPG, да го развијат својот бизнис.

Во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com, Петар Јевтиќ ги открива тајните за успешно рекламирање на Facebook и Instagram, како и тоа за што ќе зборува пред македонската публика во рамки на конференцијата.

intervju-so-petar-jevtikj-regionalen-partner-za-klienti-za-meta-vo-httpool-aplikaciite-na-meta-se-najkoristenite-socijalni-i-komunikaciski-aplikacii-vo-celiot-balkanski-region-02.jpg

Што значи да се претставува рекламирање на Мета платформа - Мета реклами? Кои пазари ги застапувате?

Httpool е овластен партнер за продажба (ОПП) на Meta од 2018 година. Благодарение на нашите локални, посветени тимови, ние сме екстензија на продажните тимови на Meta. Им помагаме на огласувачите и на агенциите да ги постигнат своите деловни цели преку обезбедување локална помош, стратешки насоки и експертиза низ семејството на производи на Мета. ОПП се проверени, обучени и едуцирани од Мета за да обезбедат најквалитетна услуга. Активни сме како ОПП за Meta во Хрватска, Србија, Словенија и други пазари во Европа и регионот на APAC.

Што велат вашите бројки - колку се популарни рекламите на Facebook и Instagram во Северна Македонија? Што е со балканскиот регион?

За жал, Мета не ги споделува тие типови на податоци. Сепак, можеме да кажеме дека апликациите на Meta (Facebook, Instagram, Messenger, WhatsApp) се најкористените социјални и комуникациски апликации во целиот балкански регион.

Според вашето искуство со користење на Facebook Ads, дали е можно да се користат технологијата и податоците на таков начин за да се забрза онлајн бизнисот? Ако е така, кои се тајните?

Да, се разбира, помагањето на нашите клиенти да растат користејќи ги алатките на Мета е наша специјалност. И ние немаме никакви тајни - споделуваме се што знаеме со нашите клиенти. Предуслов за раст е правилното следење и мерење, за да можеме да користиме технологија базирана на податоци и да бидеме сигурни дека сигналите што ги користиме за оптимизација се доверливи.

Сепак, најважниот клуч за успехот е креативноста: креативноста во рекламите, креативноста на интернет страниците и страниците на производите и креативноста во производите и понудите. Друг важен аспект на успехот е начинот на размислување за тестирање и учење. Најбрзо растечките компании што ги гледаме се оние кои го тестираат речиси секој чекор од патот. За тоа можат да сведочат огласувачите со кои сме партнери во овој регион.

Ќе бидете еден од главните говорници на овогодинешната конференција за е-трговија. Што публиката ќе може да слушне и научи од вашата презентација?

Публиката може да очекуваат дека ќе урнеме неколку популарни митови во врска со Мета рекламирањето. Мета рекламите со години ги следат бројни митови. Тоа е речиси како теориите на заговор дека Земјата е рамна, освен што редовно се раѓаат и појавуваат нови теории. Ќе „урнеме“ неколку од нив овој пат, а ќе „урнеме“ уште многу во следните месеци и години.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg