Значителен раст на приходите со високи инфлациски притисоци

Растaт сите деловни и дистрибутивни области, а значителното поскапување на суровините, материјалите за пакување, енергентите и услугите имаа очекувано влијание врз профитабилноста

znachitelen-rast-na-prihodite-so-visoki-inflaciski-pritisoci-01.jpg

Загреб, 27 октомври 2022 Aтлантик Група во текот на првите девет месеци од 2022 година забележа приход од продажба во износ од 627,5 милиони еврa, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 10,8 отсто. Под влијание на значителни зголемувања на цените во севкупниот спектар на деловни активности, добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) е намалена за 20,3 отсто во однос на првите девет месеци од 2021 година, и изнесува 71,0 милиони еврa, додека нето добивката е намалена за 32 ,1 отсто и изнесува 36,2 милиони еврa.

„Aтлантик Група во првите девет месеци од 2022 година продолжи со значителниот раст на приходите и покрај предизвиците со кои се соочуваме, а растот е остварен во сите деловни и дистрибутивни области благодарение пред сè на одличните продажни резултати. Во текот на оваа година забележано е значително зголемување на цените на голем дел од нашите суровини и материјали за пакување, логистички и други услуги и енергенти, што само делумно го надоместивме со зголемување на продажните цени, бидејќи сметаме дека е примерно во услови на висока инфлација и силно влијание врз животниот стандард на нашите потрошувачи, значителен дел од тоа и самите да апсорбираме. Според тоа, очекувано, бележиме и пониски нивоа на профитабилност. И во останатиот дел од годината, очекуваме непречен тек на производството и понудата за нашите купувачи и потрошувачи, но континуираните проблеми во синџирите на снабдување, зголемувањето на каматните стапки, рекордната инфлација и глобалната неизвесност ќе го одложат очекуваниот почеток на закрепнувањето на профитните маржи на 2024 година“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Група Емил Тедески.

Кафе, Пијалаци и Фармација се водечки во растот, дистрибуцијата се шири

Најголем раст од 19 отсто оствари Стратешката бизнис област (СБО) Пијалаци, чиј водечки бренд е Цедевита, потоа СБО Кафе, со брендовите кафе Баркафе и Гранд кафе, со раст од 15,9 отсто, а со двоцифрен раст од 13,2 отсто се истакна и синџирот аптеки Фармација. Кај дистрибутивните области предничат Србија со раст од 15,3 отсто и Хрватска со раст од 10,3 отсто. Во првите девет месеци, продажбата на екстерните брендови вкупно порасна за 10,2 отсто. На крилата на одлично завршената дистрибутивна работа, се прошири и дистрибутивното портфолио, и тоа преку соработката со новиот екстерен бренд Интерснек (Чио) во Србија, и со проширување на успешната соработка со Ред Бул во Србија и во областа на Северна Македонија.

Компанијата продолжи да инвестира во развој на работењето, па така во третиот квартал беше лансиран новиот бренд Зигис Кофи, нов концепт на синџир на coffee shop, моментално во областа на Загреб. Кварталот беше одбележан и со стогодишнината на Атлантик Штарк, една од членките на Атлантик Група.

Рекордна дивиденда, поделба на акции и злато за односите со инвеститорите

Од поважните корпоративни настани, треба да се истакне дека е исплатена историски највисоката дивиденда во износ од 50 куни по акција и се спроведе поделбата на акциите на Атлантик Група, на тој начин што една акција со поединечен номинален износ од 40 куни беше поделена во четири нови акции со поединечен номинален износ од 10 куни.

Во првиот дел од годината, Надзорниот одбор на компанијата беше проширен на девет члена, а составот на ова тело го збогатија Д-р Весна Невистиќ, искусен експерт во областа на банкарството, процесите на реструктуирање и корпоративниот развој, и Зоран Вучиниќ, докажан глобален менаџер со исклучително успешна меѓународна кариера во областа на стоките за широка потрошувачка. Почетокот на последниот квартал беше означен со освојување на првата награда за односи со инвеститорите во организација на Пословни дневник и Загрепската берза. Ова е трета година по ред како Атлантик Група е на првото место на престижното рангирање. Во изминатите десет години дури шест пати ја освојуваше првата награда, а секоја година беше меѓу трите наградувани компании.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg