Групацијата ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ се ребрендира во HELLENiQ ENERGY

HELLENiQ ENERGY, чиј член е ОКТА АД – Скопје, ќе се фокусира на инвестиции во обновливи извори на енергија и намалување на влијанието врз животната средина

grupacijata-helenik-petroleum-se-rebrendira-vo-helleniq-energy-01.jpg

Групацијата ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ, една од најголемите енергетски компании во Југоисточна Европа, го претстави своето ново лого и корпоративен идентитет како дел од ребрендирањето на своето целокупно деловно работење. Ова ребрендирање ѝ оддава почит на 64-годишната историја на компанијата и ги покажува нејзините амбиции да стане водечка компанија во ерата на новата енергија.

Заложба за поодржлива иднина

Корпоративното ребрендирање на HELLENiQ ENERGY ја заокружува првата фаза од динамичниот стратешки план на Групацијата - „Визија 2025“. Со овој план компанијата го пренасочува својот фокус кон силен одржлив развој, брз раст на обновливите извори и зелената енергија и кон проширување на нови пазари и нови производи. Во суштината на оваа транзиција е спроведувањето на значајни проекти за трансформација, дигитализација и модернизација.

grupacijata-helenik-petroleum-se-rebrendira-vo-helleniq-energy-04.jpg

Предводник на промените преку корпоративно ребрендирање

Брендирањето беше објавено во Атина на спектакуларен настан со истакнати гости. Ребрендирајќи се како HELLENiQ ENERGY, компанијата ја покажува својата посветеност да се развива не само како нафтена, туку и како интегрирана енергетска компанија, која има водечка улога во целиот синџир на енергетски вредности и вклучува строги критериуми за социјално и еколошки одговорно управување во работењето и во своите идни приоритети.

На настанот Групацијата го претстави своето ново лого. Сите негови елементи се внимателно дизајнирани со цел да го презентираат новиот идентитет на HELLENiQ ENERGY. Задржувајќи цврста врска со историјата на компанијата, препознатливите ленти се поставени во движење и прераснуваат во бран на енергија, што ја претставува транзицијата и ја прави видлива, додека ѕвездата-водилка претставува искра на интелигенција и водечки елемент. Трансформацијата на елементите има за цел да ги илустрира стремежите на HELLENiQ ENERGY – енергетска преобразба и напредок.

Извршниот директор на HELLENiQ ENERGY, Андреас Сиамисис, со гордост зборуваше за ребрендирањето: „Планираме и работиме за иднина која е почиста и поодржлива за сите, секаде каде што имаме деловни активности. Целта ни е да го намалиме испуштањето на јаглероден диоксид за 50% до 2030 година и да постигнеме нулта емисија на CO2 до 2050 година. Како HELLENiQ ENERGY се стремиме да продолжиме да го следиме патот на извонредност и да бидеме пример во земјата, придвижувајќи го развојот напред, а притоа да придонесуваме кон зелениот раст и кон енергетската преобразба. Сепак, во исто време подеднакво важно е традиционалните активности на компанијата да се прилагодат на новото окружување и да продолжиме да бидеме клучен фактор за непречено снабдување, особено во ова време исполнето со предизвици.“

grupacijata-helenik-petroleum-se-rebrendira-vo-helleniq-energy-02.jpg

Лансирање на новиот корпоративен идентитет во регионот

Како дел од процесот на ребрендирање, се организираат настани за презентација на новиот корпоративен идентитет на компанијата во сите земји каде што е присутна Групацијата. Вчера, на настан одржан во Скопје, извршниот директор на HELLENiQ ENERGY, Андреас Сиамисис, ја претстави новата визија и стратегијата за трансформација на компанијата, пред сите вработени во ОКТА.

Главниот извршен директор на ОКТА Вук Радовиќ истакна дека ОКТА е лидер на промените, посветена на инвестирање во обновливи извори на енергија и додаде дека „ова ја покажува одлучноста на компанијата и на Групацијата за енергетска трансформација која во фокусот ја става не само заштитата на животната средина, туку и развојот на одржливи системи за снабдување со енергија. Одличен пример за оваа визија е почетокот на проектот за изградба на нова фотоволтаична централа во кругот на ОКТА“, нагласи Радовиќ на крајот од своето обраќање.

grupacijata-helenik-petroleum-se-rebrendira-vo-helleniq-energy-03.jpg

ОКТА ја споделува заедничката визија

Како членка на Групацијата, ОКТА ќе продолжи да биде главен снабдувач со горива на пазарот и понатаму ќе се фокусира на инвестиции во обновливи извори на енергија. ОКТА планира да иницира изградба на нова соларна централа со вкупен капацитет од 12 MW во кругот на компанијата. Оваа инвестиција ја доближува ОКТА до диверзификација и одржливост, истовремено постигнувајќи оперативна ефикасност со покривање на 50% од сопствената потрошувачка на електрична енергија и обезбедувајќи енергија за комерцијална продажба.

Почнувајќи од 2018 година, ОКТА има инсталирано пет фотоволтаични постројки кај свои деловни партнери со вкупна моќност од 611 kW. На овој начин, компанијата придонесува за намалување на емисиите на CO2 и зголемување на искористеноста на обновливите извори на енергија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg