Малиот генијалец Македон добива поддршка во кампањата „Вложуваме во млади таленти“

Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски кој медиумите го нарекуваат „македонското чудо од дете“ е првиот талент кој доби поддршка во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

maliot-genijalec-makedon-dobiva-poddrshka-vo-kampanjata-vlozhuvame-vo-mladi-talenti-01.jpg

Македон, кој инаку е ученик во трето одделение од Тетово, поседува напредно познавање на математиката и има способност да решава математички задачи од втора година од средно образование. Тој на нашата земја ѝ донесе два златни медали по математика во конкуренција со 4.000 учесници од целиот свет, а во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ доби финансиска поддршка со цел да се обезбедат подобри услови за неговиот талент да расне и се развива.

maliot-genijalec-makedon-dobiva-poddrshka-vo-kampanjata-vlozhuvame-vo-mladi-talenti-05.jpg

„Преку кампањата ‘Вложуваме во млади таленти’ на малиот талентиран Македон му овозможивме финансиска поддршка за развој на неговиот талент, конкретно за набавка на современа техничка опрема, односно компјутер со напредни перформанси. Во рамки на кампањата за него ќе бидат обезбедени и дополнителни финансиски средства за надградба на неговото богато знаење, како и средства за учества на натпревари. Наше големо задоволство е да инвестираме во младите талентирани лица и со тоа да придонесеме за напредок на заедницата“, изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

maliot-genijalec-makedon-dobiva-poddrshka-vo-kampanjata-vlozhuvame-vo-mladi-talenti-02.jpg

Малиот Македон освен тоа што има напредно познавање по математика во однос на своите врсници, поседува и богато знаење од областа на историјата, географијата, а покрај англиски, на своја иницијатива учи и старословенски и кинески јазик. Развојот на талентот на Македон е приоритет за неговите родители кои посветено работат со него.

maliot-genijalec-makedon-dobiva-poddrshka-vo-kampanjata-vlozhuvame-vo-mladi-talenti-04.jpg

„Нашиот Македон почна да чита уште на две годишна возраст и да покажува голем интерес за бројките и математиката. Наш приоритет е неговиот талент да се негува и развива, тој ни е единствено дете и навистина му посветуваме големо внимание. Поддршката која ја добивме од АСОМ за нас е многу значајна и благодарни сме што талентот на Македон е препознаен и што во нашата држава постојат субјекти кои несебично инвестираат за добробитот на идните генерации, а со тоа и на целото општество“, вели Владимир Димитровски, татко на Македон.

maliot-genijalec-makedon-dobiva-poddrshka-vo-kampanjata-vlozhuvame-vo-mladi-talenti-03.jpg

AСОМ како општествено одговорен субјект кој континуирано го остварува својот придонес кон заедницата, преку кампањата „Вложуваме во млади таленти“ има за цел да обезбеди поттик и поддршка за развој на младите таленти од областа на спортот, науката и уметноста и уште еднаш да покаже дека е активен чинител во општеството кој делува во насока на развивање и градење перспективни идни генерации.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg