Организирајте филмска вечер дома!

Љубителите на филмот ги очекува најубавиот период - студени вечери во топлината на домот, под омиленото ќебе, со омилениот пијалок во рака и пригушеното светло. Затоа е вистинско време да ја комплетирате листата на филмови кои сакате да ги гледате.

organizirajte-filmska-vecher-doma-01.jpg

Светлата се гасат, мирисот на пуканки ја исполнува просторијата, а вие нетрпеливо го чекате почетокот на филмот. Ѕидовите се осветлени и одеднаш магијата почнува. Тргнувате на волшебно патување со актерите. Следат минути на смеење, напнатост, неочекувани пресврти и расплет кој на крајот на филмот го коментирате со друштвото.

Вашиот дом може да биде сè што ќе посакате, простор за себе, за собирање со семејството, журка со друштвото, па дури и кино! Можеби ќе помислите дека ви е доволно само да имате удобен тросед и телевизор, но сепак вистинското искуство и доживување на домашното кино подразбира нешто повеќе.

Што е потребно за феноменално домашно кино?

Домашното кино може да обезбеди уште подобра атмосфера од класичното кино, ако внимателно ги изберете компонентите и направите добар амбиент. Идејата е да имате што поголем екран, подобра слика и јасен звук кој ќе направи да се чувствувате небаре сте во центарот на акцијата.

Со уникатната Samsung OLED технологија, серијата уреди од 2022 година носи бесконечно многу иновации и функции што го прават OLED совршен уред за уживање во филмови и претворање на вашиот дом во домашно кино. Дека ОLED се бескпрекорни во секој поглед говорат и бројните награди кои Samsung ги доби на светски реномираните натпревари. Имено, ОLED ја доби Best Buy наградата за 2022 на AV Forum, доби признание и од FWD Magazine, беше Editor’s Choice на Tech Radar, и доби 5 од 5 ѕвезди на What Hi-Fi.

organizirajte-filmska-vecher-doma-02.jpg

За разлика од традиционалниот OLED, уникатниот OLED на Samsung нуди бескомпромисни длабоки црни, чисти бели и полни нијанси на живописни бои. Со современите само-осветлувачки LED светилки може да уживаш во поточни, почисти и светли слики. Тенкиот дизајн како ласер изгледа елегантно и модерно, а истовремено е преубав и цврст. Минималната рамка и тенкиот заден профил совршено се вклопуваат во секој ентериер, без разлика колку е голем просторот.

Процесорот Neural Quantum 4K на Samsung OLED создава најдобро искуство на гледање. Извонредното мапирање бои и подобрувачот на осветлување на OLED овомзможува бескомпромисно осветлување, боја, контраст и детали. Неверојатната технологија за 4K AI скалирање дополнета со 20 невронски мрежи гарантира дека ќе ја почувствуваш моќта на 4K.

organizirajte-filmska-vecher-doma-03.jpg

Дозволете си да ве обземе звук на цел еден оркестарот кој како да свири директно во вашата дневна соба со најновата технологија Dolby Atmos® што го носи доживувањето на највисоко ниво. Новите нагоре насочени звучници на Samsung овозможуваат подобрено искуство со Dolby Atmos што ги внесува гејмерите во срцето на акцијата благодарение на повеќедимензионалниот звук.

Покрај филмовите, OLED, потребно е да се има техника која ќе разбуди посебна атмосфера, а вистинската, филмска ќе ја постигне новиот омилен домашен пријател - The Freestyle.

organizirajte-filmska-vecher-doma-04.jpg

Без разлика кој филм или серија ќе го изберете, квалитетот на репродукцијата е загарантиран со помош на врвни функции како што се автоматско изедначување (auto-keystone) и израмнување (автоматско ниво) напојувано од водечките технологии во индустријата. Овие карактеристики му овозможуваат на уредот автоматски да го прилагоди својот екран на која било површина, под кој било агол за совршено пропорционален приказ. Понатаму, опцијата за автоматско фокусирање обезбедува кристално чист приказ на сите површини и под сите агли со големина до 100 инчи. Кога се користи како проектор за содржина, The Freestyle може да се користи за создавање светлосни ефекти благодарение на неговиот амбиентален режим и транспарентниот капак на објективот. Затоа, вашата содржина ќе биде прикажана со одличен квалитет на сликата.

Проекторот The Freestyle е мал, лесно пренослив уред кој тежи само 830 грама, што ви овозможува да го движите од соба во соба. За разлика од обичните проектори, неговиот држач овозможува ротација до 180 степени, обезбедувајќи им на корисниците прикажување на висококвалитетни видео содржини насекаде, на пример на шатор. Со автоматско израмнување, екранот постојано се прилагодува на која било површина - вклучувајќи подови, ѕидови, маси или било што друго што може да послужи за овие цели. Сега немате причина да не уживате во гледањето на вашата омилена содржина на голем, „кино“ екран.

organizirajte-filmska-vecher-doma-05.jpg

Нека вашиот дом биде место каде во добро друштво, ќе поминуваат нереални моменти и че гледате сцени од омилените филмови кои засекогаш ќе ги паметите.

Samsung OLED телевизорите и проекторот The Freestyle од неодамна се достапни и во Северна Македонија, а повеќе информации за производите ќе најдете ТУКА и ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg