Откријте ги предностите на онлајн услугите на Халкбанк: Онлајн кредит и Онлајн депозит
- Детали
- четврток, 29 септември 2022
Брзиот технолошки развој во последниве децении доведе до вистинска дигитална револуција во сите сегменти на секојдневието. Општо е прифатено дека дигиталните услуги се голема предност во современото општество, во кое клучни станаа брзината и ефикасноста на завршувањето на работите. Од вакви промени не е изземено ниту банкарството.
Дигиталната револуција придонесе интензивно да се инкорпорираат придобивките од истото и во банкарскиот сектор така што денес, во современото банкарство, интернетот и мобилното банкарство сè повеќе стануваат примарен канал на комуникација.
Технолошкиот развој и константното следење на потребите на клиентите резултираше со тоа Халкбанк, како модерна финансиска институција и една од предводниците на имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови, постојано да воведува нови дигитални производи и услуги. Токму такви се Онлајн депозитот и Онлајн кредитот со кои Халкбанк ја потврди својата лидерска позиција во воведување нови иновативни производи и услуги. И двата производи се наменети за физички лица, со кои лесно, брзо и едноставно, без посета на филијала, клиентите можат да започнат да штедат или да дојдат до потребните финансиски средства. Заедничко за овие два производи е тоа што клиентот е потребно да е корисник на електронско банкарство на Халкбанк.
Со Онлајн депозитот може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра, додека максималниот износ е неограничен, согласно расположливите средства на трансакциската сметка (вклучувајќи го и кредитниот лимит). Банката за овој производ нуди можност за орочување на средства на 6, 12 и 24 месеци, со атрактивни фиксни каматни стапки кои се движат до 2% годишно за штедење во денари на рок од 24 месеци, односно до 1% за штедење во евра на рок од 24 месеци. Кај Онлајн депозитот износот кој се уплаќа е фиксен, односно нема можност за дополнителни уплати и исплати, а каматата на орочениот депозит се исплаќа на крај на периодот на орочување.
Онлајн кредитот е наменет за корисници на електронско банкарство кои истовремено се и приматели на плата или пензија во Банката. Максималниот износ за аплицирање е до 300.000 денари, рокот на отплата е до 60 месеци, а каматната стапка е 6,5% фиксна за целиот период на отплата на кредитот. Кредитот е без БЕЗ провизија за обработка, БЕЗ провизија за предвремена ликвидација и БЕЗ трошоци за апликација за кредит. Постапката за аплицирање за онлајн кредитот е навистина куса, а истовремено и безбедна, договорот за кредитот се потпишува во електронска форма, а префрлувањето на средствата на сметката на барателот е во рок од 5 минути.
Доколку ви се потребни средства или пак, имате пари кои ви стојат дома или на сметка како заштеда, а не сакате или немате време да посетите некоја експозитура, не двоумете се – влезете во дигиталната ера и земете кредит или формирајте штеден влог брзо и едноставно, од својот компјутер или мобилен телефон. Токму тоа го овозможуваат Онлајн кредитот и Онлајн депозитот на Халкбанк.