CALVIN KLEIN часовници и накит отсега ексклузивно во MY:TIME

Вторник, 27ми септември, 2022MY:TIME, компаниjа со долга традиција во продажба, дистрибуциjа и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит на повеќе од 25 светски познати брендови, со возбуда ја најавува Calvin Klein колекцијата Есен/Зима 2022 на часовници и накит.

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-01.jpg

За да го лансира брендот и да ја претстави колекцијата во регионот, MY:TIME беше домаќин на настан во Ботаника Урбана Кафана, во Скопје.

На овој прекрасен настан бевме поканети за да му посакаме добредојде на брендот пред нашата публика и сите кои со страст сакаат да го истакнат својот карактер преку парче накит или часовник од Calvin Klein.

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-02.jpg

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-03.jpg

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-04.jpg

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-06.jpg

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-07.jpg

Колекцијата на висококвалитетни часовници и накит е создадена имајќи го на ум модерниот клиент, со безвременски, минималистички дизајн кој ја истакнува светски препознатливата естетика на Calvin Klein и ја црпи реномираната сензуална ДНК на брендот. Колекцијата вклучува избор на машки и женски часовници со скулпторски, архитектонски форми во метални завршетоци. Покрај часовниците, во колекцијата се издвојуваат и машки нараквици кои интегрираат кожа и метални текстури, како и женски модели на накит со течни, органски форми кои можат да се комбинираат за да се искрира смел и уникатен изглед.

Од Есен/Зима 2022 издвојуваме:

NEW SHINE: Часовници и накит со сензуални, скулптурни форми. Сите со кристални детали.

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-08_630x330.pngSKU 25200149

Грациозен модел, кој се издвојува со минималистичкиот бројчаник во бојата на првиот утрински сончев зрак и префинетата, кристално украсена и нежно извајана рамка.

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-09_630x330.pngSKU: 35000214

Скулптурна естетика. Алка со полирани и кристално украсени силуети од камчиња.

NEW STATEMENT: Часовници и накит со препознатливиот Calvin Klein монограм.

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-10_630x330.pngSKU 25200163

Икона засекогаш. Со CK лого на бројчаникот и силизирано куќиште кое без никаков напор се интегрира во метален ланец.

calvin-klein-chasovnici-i-nakit-otsega-ekskluzivno-vo-my-time-11_630x330.jpgSKU 35000101

Модерен кожен изглед. Плетена кожна алка, дополнета со изгравирано CK метално магнетно закопчување.

Колекцијата е достапна сега и го означува првото светско лансирање на Calvin Klein часовници и накит под Movado Group.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg