Уметност во секоја голтка - Уживајте во ритуалот на пиење кафе

Турското кафе - таа густа, слатка, силна, мала шолја – своите корени ги наоѓа уште во времето на антиката. Еден од најстарите методи за подготовка на кафе се користи до денес, а неговата едноставност овозможува совршенo уживање. Време е за шолја кафе!

umetnost-vo-sekoja-goltka-uzhivajte-vo-ritualot-na-pienje-kafe-01.jpg

Се сеќавате на оној силен мирис на тазе сварено кафе кој ве обземаше секое утро кога бевте деца? Или на бескрајните кафе - разговори со другарките од средно? Денес е незамисливо да почне денот без утринската доза на црно и силно кафе. Некаде брзајќи да стигнеме меѓу сите секојднени обврски, забораваме да уживаме во ритуалот на пиење и подготовка на кафе. Забавете и одвојте 30тина минути само за вас и шолјата кафе. Верувајте, денот ќе има сосем нова насока.

Што ви е потребно за максимално уживање и комплетно искуство?

Во минатото уживањето во шолја турско кафето било незаменилив дел од сечие секојдневие. Мала шолја кафе која во себе крие безброј спомени и приказни. Утринското кафе или попладневниот еликсир за енергија вашите баби и дедовци го вареле во бронзено или метално ѓезве , а истото го служеле во мала шолја, со чаша студена вода и парче локум. Правилото гласело – кафето никогаш не се заблажува со шеќер, а подготовката значела посебен процес на соединување на состојките.

Најважното правило е никогаш да не дозволите водата да врие, како би спречиле да изгори и да ги изгуби своите вистински ароми. Кога го полните ѓезвето со вода внимавајте - потребно ви е околу 50 ml вода по лице и една богата кафена лажичка Doncafè.

umetnost-vo-sekoja-goltka-uzhivajte-vo-ritualot-na-pienje-kafe-02.jpg

Трик за пополн вкус - Загрејте ја водата пред да зоврие, па тргнете ја од оган. Дел од водата се прелива во шолја, а во останатото се додава кафе (по една богата кафена лажичка за секоја Doncafè шолја или повеќе ако сакате многу јако кафе).

Мешајте да нема грутчиња, па вратете го на оган и кога ќе се подигне до работ на ѓезвето, повторно тргнете го од оган и додадете ја водата што ја истуривте на почетокот во шолјата. Вратете на рингла и оставете да зоврие.

Извадете го од шпоретот, почекајте неколку секунди и додадете една лажичка ладна вода. Тогаш кафето е подготвено за послужување!

Основни грешки при подготовка на кафе:

- Премногу мешање го убива вкусот;

- Оставајќи го неколку пати да се издигне до врвот на гезвето, ја уништува пената и го менува вкусот на кафето;

- Мешањето откако кафето ќе биде сварено, исто така ќе го промени вкусот на вашиот омилен утрински пијалак;

- Доколку кафето го засладувате, најдобро е да додадете шеќер додека е ладна водата во ѓезвето, пред да додадете кафе.

Што е следно?

Парче локум и чаша ладна вода.

На здравје Doncafè!

umetnost-vo-sekoja-goltka-uzhivajte-vo-ritualot-na-pienje-kafe-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg